Многу студено време во Македонија се очекува од утре. Во утринските часови во одредени делови во државата се очекуваат температури и до -13 степени, информираат од УХМР.
„Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.“, велат од УХМР.

