Македонските претставници денеска продефилираа на церемонијата на свеченото отворање на Зимските олимписки игри. Во Кортина д’Ампецо, македонското знаме го носеше алпската скијачка Јана Атанасовска, додека во Предацо улогата на знаменосец му припадна на Ставре Јада.
Покрај Атанасовска и Јада, македонската олимписка делегација ја сочинуваат и алпскиот скијач Виктор Петков, како и Ана Цветановска, која ќе настапи во нордиските скијачки дисциплини. Со вкупно четири спортисти, ова е најбројната македонска делегација што досега учествувала на Зимските олимписки игри.
Свеченото отворање сè уште е во тек, а централната церемонија се одржува на легендарниот стадион „Сан Сиро“ во Милано, каде официјално ќе биде означен почетокот на олимпискиот спектакл.

