Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

78-годишна жена од Крива Паланка починала во возило на Брза помош!

8 март 2026

Работите се сериозни поради кризата на Блискиот Исток, мојата борба е нашите граѓани да плаќаат поевтино од соседството

8 март 2026

Фото на колото во Италија: Волејот на Елиф како награда за одиграното против Торино (ВИДЕО)

8 март 2026

Регистриран земјотрес во Македонија

8 март 2026

Утрово најстудено во Берово!

8 март 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, март 8
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Повисока плата – синдикатите се договорија со Владата, за минималецот нема пари, а ќе се намалат функционерските коефициенти

Press OnlineBy Press Online8 февруари 2026 Вести
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Иако за „Икс парички, плус 1.500 денари, зголемено за 8 насто во наредните три години“, во дел од јавноста имаше „фаќање сеир“, за двата репрезентативни синдикати кои ги организираат вработените во управата и во правосудството, ова беше сериозно добра понуда. И двата синдиката, УПОЗ и САДУ рекоа „ДА“ за предлогот на владата со кое платите на 11.000 вработени во овие институции до 2028 година ќе се зголемат за вкупно 40 насто.

„Она што е уште подобро за нас како синдикат е тоа дека ова право се дава во индивидуален, поединечен колективен договор, што би значело дека во било кое време доколку утврдиме уште повеќе права, поповолни права за вработените, по постапката за потпишување или измена на тој колективен договор би била многу побрза“, изјави Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ.

„Еве денеска се случува една историска придобивка на вработените во администрацијата. Она за што ние протестиравме низ годините наназад, денеска неправдата конечно е исправена“, изјави Благоја Ралповски, претседател на САДУ.

Но, ова зголемување значи и повеќе пари од буџетот. Владата ќе треба да најде над 10 милиони евра годишно за да ги зголеми овие плати. Премиерот Мицкоски вели дека економијата има предизвици, но дека зголемувањето нема да ја попречи фискалната консолидација, којашто државава мора да ја направи. Парите нема да се бараат преку нови даноци.

„Се разбира на нешто дека треба да скратиме, некаде ќе се потрудиме повеќе да наплатиме, зборувам во таа фискална дисциплина, не зборувам за зголемување на даноци, туку да се зголеми фискалната дисциплина, да се намали сивата економија, да се зголемат во суштина приходите во буџетот“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски рече и дека вработените ќе мора да го оправдаат зголемувањето на платите, односно да ја подобрат услугата кон граѓаните. Кажа дека владата секој месец преку анкети го мери овој показател. Премиерот беше јасен дека не е прифатливо минималецот да се зголеми на 600 евра, а одредено време придонесите, односно разликата од сегашните и покачените придонеси да ја плаќа Владата. Пари за ова во буџетот нема.

„Не, не, затоа што ние дадовме 250 милиони евра субвенционирани заеми за бизнисот, со каматна стапка од 1,95% затоа што не ги зголемуваме даноците како што тоа го бараат меѓународни финансиски институции, тие бараат 20 проценти ДДВ, не ја зголемуваме старосната граница за одење во пензија, како што тоа го бараат некои меѓународни финансиски институции“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски најави дека наскоро владата ќе ги намали коефициентите за плати на функционерите, за да нема зголемување. Според него, со ова се исправа одлуката на претходната влада која ги зголеми овие плати за 78 насто.

Поврзани содржини

78-годишна жена од Крива Паланка починала во возило на Брза помош!

8 март 2026

Работите се сериозни поради кризата на Блискиот Исток, мојата борба е нашите граѓани да плаќаат поевтино од соседството

8 март 2026

Регистриран земјотрес во Македонија

8 март 2026
НАЈНОВО

78-годишна жена од Крива Паланка починала во возило на Брза помош!

8 март 2026

Работите се сериозни поради кризата на Блискиот Исток, мојата борба е нашите граѓани да плаќаат поевтино од соседството

8 март 2026

Фото на колото во Италија: Волејот на Елиф како награда за одиграното против Торино (ВИДЕО)

8 март 2026

Регистриран земјотрес во Македонија

8 март 2026

Утрово најстудено во Берово!

8 март 2026
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.