Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

78-годишна жена од Крива Паланка починала во возило на Брза помош!

8 март 2026

Работите се сериозни поради кризата на Блискиот Исток, мојата борба е нашите граѓани да плаќаат поевтино од соседството

8 март 2026

Фото на колото во Италија: Волејот на Елиф како награда за одиграното против Торино (ВИДЕО)

8 март 2026

Регистриран земјотрес во Македонија

8 март 2026

Утрово најстудено во Берово!

8 март 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, март 8
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Шкендија го казни Пелистер за промашувањата (ВИДЕО)

Press OnlineBy Press Online2 март 2026 Спорт
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пелистер успеа во своите намери да се претстави во поинакво светло и наместо како тим што се бори за опстанок да игра подредена улога, пружи партија за паметење и беше во одредени моменти рамноправен или поактивен тим на теренот, но за разлика од Шкендија, не ги искористи своите шанси. Клубот од Тетово беше шокиран со погодокот на Стефан Спировски во седмата минута, но по асистенцијата од ВАР собата голот беше деклариран како регуларен.

Од тие моменти започна згуснувањето на редовите во Шкендија и пресврт во кој доминираа на теренот. Израмнувањето стигна по прекин на играта, кога во 21 минута по корнерот изведен од Нзенге, Ибраими успеа заедно со топката да влезе во мрежата. Во следната шанса ударот на Фабрис Тамба заврши за малку непрецизно. Истиот играч до крајот на полувремето се обиде уште еднаш, но ни тогаш не успеа.

Пред крајот на првиот дел, Петровиќ во контра напад се избори за шут од работ на шеснаесетникот, но топката отиде над пречката. Шкендија започна мирно во второто полувреме и првите десет минути речиси да немаше никаков притисок кон голот на гостите. Одеднаш во брз контранападад по левата страна Љатифи успеа да го проигра Бесарт Ибраими кој инстиктивно биеше и по втор пат погоди за комплетен пресврт. Само две минути подоцна Зејнулаи по десната страна влезе во казнетиот простор, но неговиот шут беше доволен само атрактивна реакција на Јовчевски.

Пелистер во последните десет минути беше офанзивен благодарение на опуштањето на домашните кои понесени од извиците на трибините тргнаа во мали егзибиции, но тоа можеше да ги чини скапо. Ивановски во 86 минута ја упати првата сериозната закана по голот на Шкендија, откако беше проигран во десно, а неговиот удар заврши крај самиот дирек.

Бошковски по левата страна се избори за центаршут пречиси од корнер знаменцето, го пронајде Булатовиќ на втората статива, кој се обиде со атрактивен волеј, но беше непрецизен Србијанац во идентична ситуација го бараше Булатовиќ, но топката беше пресечена и отиде во корнер, а откако беше изведен, проигрувањето од Керим до Милојевиќ резултираше со шут во голот, која Бабокар Геје едвај ја запре.

Шкендија комплетно го препушти создавањето на шансите на гостите по излегувањето на Бесарт Ибраими, но сепак дефанзивните фудбалери го сочуваа резултато по кој Шкендија доаѓа со три нови бода до -4 од лидерот Вардар и ќе патува за Скопје на директен дуел со „црвено-црните“ што може да биде пресуден за шампионската титула.

Поврзани содржини

Фото на колото во Италија: Волејот на Елиф како награда за одиграното против Торино (ВИДЕО)

8 март 2026

Филип Наумчевски е „Младински тренер на годината“ во Малме (ВИДЕО)

8 март 2026

Струга ТЛ рутински против отпишаниот Шкупи

8 март 2026
НАЈНОВО

78-годишна жена од Крива Паланка починала во возило на Брза помош!

8 март 2026

Работите се сериозни поради кризата на Блискиот Исток, мојата борба е нашите граѓани да плаќаат поевтино од соседството

8 март 2026

Фото на колото во Италија: Волејот на Елиф како награда за одиграното против Торино (ВИДЕО)

8 март 2026

Регистриран земјотрес во Македонија

8 март 2026

Утрово најстудено во Берово!

8 март 2026
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.