Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

78-годишна жена од Крива Паланка починала во возило на Брза помош!

8 март 2026

Работите се сериозни поради кризата на Блискиот Исток, мојата борба е нашите граѓани да плаќаат поевтино од соседството

8 март 2026

Фото на колото во Италија: Волејот на Елиф како награда за одиграното против Торино (ВИДЕО)

8 март 2026

Регистриран земјотрес во Македонија

8 март 2026

Утрово најстудено во Берово!

8 март 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, март 8
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ГАК со детали за родилката која почина: Ова ѝ бил четврти царски рез

Press OnlineBy Press Online3 март 2026 Вести
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

И покрај интензивниот медицински третман и вклученост на повеќе специјалисти, 34-годишна пациентка почина на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК), по компликации по извршен царски рез. Случајот е предмет на внатрешна анализа, а телото е предадено на обдукција.

Од клиниката информираат дека на 27.02.2026 година пациентката, во 38-та гестациска недела од петтата бременост, била породена со четврти по ред царски рез, поради претходно извршени три оперативни породувања. Претходно ѝ биле објаснети сите ризици поврзани со нова бременост, наведуваат од ГАК. Оперативниот зафат поминал со уреден тек.

По породувањето, пациентката била префрлена на Одделението за постоперативна интензивна нега, каде се пожалила на силна градна болка. Веднаш бил повикан анестезиолог, по што биле преземени мерки за срцево-белодробна и мозочна реанимација. Според клиниката, виталните функции биле стабилизирани.

Потоа пациентката била сместена на Одделението за интензивна нега и реанимација, со механичка вентилација и континуиран инвазивен и неинвазивен кардијален и респираторен мониторинг. Во третманот биле вклучени кардиолог и невролог, а на секои два часа биле следени лабораториските параметри, ацидобазниот статус и факторите на коагулација.

И покрај примената на современа терапија и интервенции од мултидисциплинарниот тим, пациентката починала на 01.03.2026 година. Причината за смртта ќе биде утврдена по пристигнувањето на патохистолошкиот наод од извршената обдукција.

Случајот е во фаза на разгледување од Комисијата за контрола на квалитет и унапредување на здравствената услуга при клиниката. Од установата изразија длабоко сочувство до семејството за загубата.

Поврзани содржини

78-годишна жена од Крива Паланка починала во возило на Брза помош!

8 март 2026

Работите се сериозни поради кризата на Блискиот Исток, мојата борба е нашите граѓани да плаќаат поевтино од соседството

8 март 2026

Регистриран земјотрес во Македонија

8 март 2026
НАЈНОВО

78-годишна жена од Крива Паланка починала во возило на Брза помош!

8 март 2026

Работите се сериозни поради кризата на Блискиот Исток, мојата борба е нашите граѓани да плаќаат поевтино од соседството

8 март 2026

Фото на колото во Италија: Волејот на Елиф како награда за одиграното против Торино (ВИДЕО)

8 март 2026

Регистриран земјотрес во Македонија

8 март 2026

Утрово најстудено во Берово!

8 март 2026
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.