Моделот Тилан Блондо, која сите ја паметат како „најубавото девојче на светот“, му кажа „да“ на францускиот актер Бен Ател, со кого е во врска од 2022 година.
Манекенката, која од мала го освои светот со својата необична убавина, денес живее една од најромантичните животни приказни. Некогаш „најубавото девојче на светот“, француската манекенка Тилан Блондо, објави дека се свршила за својот партнер за време на романтично патување во Атина, и тоа со спектакуларен прстен кој, според проценките, вреди околу 40.000 евра.
Романтично запросување во луксузен хотел
Моментот кој засекогаш ќе го памети се случил во дворот на луксузниот хотел „Фор сизн астир палас хотел Атенс“. Со поглед кон морето и атмосфера како од филм, нејзиниот партнер подготвил вистинско романтично изненадување.
Маса со две столчиња била украсена со ливчиња од рози во форма на срце, создавајќи интимна сцена за големото прашање. Манекенката на својот Инстаграм сподели серија фотографии од магичниот момент, позирајќи со саканиот и со впечатливиот свршенички прстен.
Му кажав ‘да’ на мојот најдобар пријател“, напиша таа покрај објавата, откривајќи ја радоста од новото животно поглавје.
Дијамант што привлекува внимание
Фотографиите веднаш го привлекоа вниманието на љубителите на накитот и експертите. Според проценките објавени во „Дејли мејл“, прстенот има вредност од околу 45.000 долари, односно речиси 40.000 евра.
Станува збор за модерен и минималистички дизајн – 18-каратен обрач од жолто злато со впечатлив овален дијамант во центарот.
Елеганцијата на овој прстен доаѓа токму од неговата едноставност, која веднаш го насочува вниманието кон дијамантот“, објаснил гемолог за британскиот медиум, додавајќи дека овалните камења во последно време се особено популарни меѓу ѕвездите.
Од детска сензација до успешен модел
Тилан Блондо стана светска сензација уште како шестгодишно девојче, кога медиумите ја прогласија за „најубавото девојче на светот“. Нејзиното лице со специфични црти и сини очи брзо ја лансираше во светот на модата.
Денес, на 24 години, таа е успешен модел со милиони следбеници на социјалните мрежи, а титулата која ја доби како дете и понатаму ја следи.
Ново поглавје во животот
Со романтичното „да“ во Грција, манекенката отвори ново поглавје во својот живот – овојпат не на модната писта, туку во приватниот свет на љубовта. А ако се суди според атмосферата на запросувањето и блесокот на дијамантот, приказната започнува токму како вистинска бајка.

