Универзитетскиот професор Константин Димитров, вечерва во Бизнис 21 на ТВ21 зборуваше за кризата предизвиката од војната на Блискиот Исток, и за поскапувањето на горивата.
Димитров, како и другите двајца соговорници Ромео Костадинов и Благица Петрески, се согласија дека најмногу погодени ќе бидат транспортните компании, но и дека ќе има влијание и врз цените на другите производи.
„Транспортните компании ќе бидат многу погодени од зголемување на цената на нафтата. А, имаме многу такви кои вршат транспорт на производи. Проблематично би било има недоволно количина гориво на пазарот и да не можеме да купиме. Паметиме кога имавме ограничувања во минатото, кога купувавме одредена количина на гориво со бонови, и тоа е најлошото што може да се случи“, рече Димитров.

