Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Маѓар изјави дека имал „исклучително успешен“ разговор со Лајен за одмрзнување на еврофондовите за Унгарија

30 април 2026

Спасувачка акција на автопатот Скопје-Велес: Шест лица спасени од излетано возило

30 април 2026

Предвремените избори во Косово распишани на 7 јуни

30 април 2026

Фрчкоски: Со укинувањето на Пржинската влада, ВМРО го урниса и последниот бедем за фер и демократски избори

30 април 2026

Во Франција отворена истрага против тинејџер кој хакирал милиони податоци

30 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, април 30
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Мицотакис бара Европа да биде подготвена во случај на напад

Press OnlineBy Press Online22 март 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

13

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ги посочи можните последици што војната на Блискиот Исток би можела да ги има врз Грција и Европа, нагласувајќи дека Европа мора да биде подготвена, со јасен и употреблив план, во случај на напад врз нејзина територија.

Тој на Фејсбук објави дека настаните што се случуваат на илјадници километри оддалеченост директно влијаат врз Грција и Европа – од геополитичките тензии и енергетската несигурност до промените во економијата, работата и функционирањето на државата, бидејќи, како што вели, сè е меѓусебно поврзано и обликува нова средина на предизвици, но и можности.

Мицотакис предупредува дека продолжената геополитичка тензија на Блискиот Исток не е далечна криза и потсетува дека таа веќе предизвика силен енергетски шок, со директни последици за домаќинствата и бизнисите низ цела Европа.

Прочитајте повеќе:

„На Европскиот совет во Брисел разговаравме за целиот спектар на влијанието на кризата, врз цените на енергијата, врз потрошувачите и компаниите, но и врз миграцијата. Потребни се насочени национални интервенции. Во исто време, Европа мора да има специфична алатка, способна да понуди привремена и насочена поддршка на домаќинствата и бизнисите. Ова е другата страна на конкурентноста, за која детално разговаравме во Европскиот совет, за да не се соочиме со енергетска криза“, укажа премиерот на Грција.

Според него, неодамнешните напади врз критичните енергетски објекти во земјите од регионот дополнително го оптоваруваат глобалниот синџир на снабдување и влијаат на цените на енергијата на меѓународно ниво.

Тој, исто така, посочи на напредокот во заштитата на Европа и потсети дека се дискутирало како да се даде суштинска содржина на клаузулата на ЕУ за меѓусебна помош.

„Солидарноста што Грција и другите земји-членки на ЕУ ја покажаа кон Кипар докажа дека Европа може да биде обединета. Сепак, таа мора да биде подготвена да има јасен и употреблив план во случај на напад врз европска територија“, заклучи Мицотакис.

Поврзани содржини

Предвремените избори во Косово распишани на 7 јуни

30 април 2026

Вучиќ: Избори на 12 јули и наесен

30 април 2026

Во посета на Тирана шефовите на дипломатиите на Словачка, Австрија и Чешка

30 април 2026
НАЈНОВО

Маѓар изјави дека имал „исклучително успешен“ разговор со Лајен за одмрзнување на еврофондовите за Унгарија

30 април 2026

Спасувачка акција на автопатот Скопје-Велес: Шест лица спасени од излетано возило

30 април 2026

Предвремените избори во Косово распишани на 7 јуни

30 април 2026

Фрчкоски: Со укинувањето на Пржинската влада, ВМРО го урниса и последниот бедем за фер и демократски избори

30 април 2026

Во Франција отворена истрага против тинејџер кој хакирал милиони податоци

30 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.