Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ads
НАЈНОВО

Претреси во Струга, Кичево и Охрид, пронајдени оружје, муниција и марихуана, лишени од слобода четири лица

24 март 2026

Политико: Во Европа се сомневаат дека АфД испраќа доверливи податоци во Русија

24 март 2026

Претпазлива монетарна политика во услови на сѐ поголема светска неизвесност – каматната стапка е непроменета

24 март 2026

Данскиот селектор вели дека ќе го чува Дамсгард за финале со Чешка или Ирска?!

24 март 2026

На Попова Шапка најстудено, со најмногу дожд и највисока снежна покривка

24 март 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, март 24
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ads
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Унапредување на соработката во областа на образованието

Press OnlineBy Press Online24 март 2026 Вести
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов, вчера оствари средба со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност, Роксана Минзату.

На средбата стана збор за унапредување на соработката во областа на образованието, вештините и младинските политики, како и за можностите за натамошно продлабочување на партнерството во рамки на европските образовни и мобилни програми. Соговорниците ја нагласија заложбата за зајакнување на квалитетот и усогласеноста на образовниот систем со европските стандарди, како и за зголемено учество во програмите „Еразмус+“ и Европската образовна област.

Во рамки на првиот ден од работната посета на Брисел, министерот Муцунски учествуваше и на тркалезната маса „A path for European enlargement“, во организација на Friends of Europe, посветена на актуелните политички приоритети поврзани со процесот на проширување, економската и безбедносната соработка, како и на прашањата за постепената интеграција, економската отпорност, поврзаноста и деловната клима во регионот на Западен Балкан.

Во рамки на денешната програма, предвидено е министерот Муцунски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, да оствари средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, Елизабет Вернер, како и низа средби со пратеници во Европскиот парламент.

Поврзани содржини

Претреси во Струга, Кичево и Охрид, пронајдени оружје, муниција и марихуана, лишени од слобода четири лица

24 март 2026

Претпазлива монетарна политика во услови на сѐ поголема светска неизвесност – каматната стапка е непроменета

24 март 2026

На Попова Шапка најстудено, со најмногу дожд и највисока снежна покривка

24 март 2026
НАЈНОВО

Претреси во Струга, Кичево и Охрид, пронајдени оружје, муниција и марихуана, лишени од слобода четири лица

24 март 2026

Политико: Во Европа се сомневаат дека АфД испраќа доверливи податоци во Русија

24 март 2026

Претпазлива монетарна политика во услови на сѐ поголема светска неизвесност – каматната стапка е непроменета

24 март 2026

Данскиот селектор вели дека ќе го чува Дамсгард за финале со Чешка или Ирска?!

24 март 2026

На Попова Шапка најстудено, со најмногу дожд и највисока снежна покривка

24 март 2026
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ads
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.