Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ads
НАЈНОВО

Гркинките можат да завршат доброволна воена служба во копнените сили

27 март 2026

Видеолотарија Касинос Австрија – поддржувач на културата: Оревокршачка на сцената на НОБ

27 март 2026

Фокусирани сме на унапредување на условите во педијатриските оддели, модернизација со набавка на нова медицинска опрема и јакнење на човечките ресурси

27 март 2026

Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -4 степени

27 март 2026

Ример: Знаев дека ќе ги исцрпиме!

27 март 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, март 27
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ads
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Дигиталната писменост мора да почне од најрана возраст

Press OnlineBy Press Online26 март 2026 Вести
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Образованието и технологијата се во центарот на глобалните промени, а младите мора да бидат подготвени за предизвиците на дигиталната ера. Ова беше главната порака што ја испрати Рози Мицкоска на Глобалниот самит во Белата куќа, каде што се дискутираше за улогата на вештачката интелигенција во образованието.

Во своето обраќање, таа истакна дека начинот на кој децата учат и комуницираат се менува со невидено темпо, а технологијата отвора нови можности за знаење и креативност. Според неа, дигиталната писменост треба да започне уште од најрана возраст, со цел младите не само да ја користат технологијата, туку и да ја разбираат и критички да размислуваат за неа.

Мицкоска ја посочи програмата „Училишта за 21-виот век“ како клучен чекор во таа насока, која се реализира во партнерство со меѓународни организации и приватниот сектор. Преку оваа иницијатива, 341 основно училиште и околу 1.900 наставници веќе работат со современи алатки за учење, вклучително и повеќе од 10.000 „микро-бит“ уреди за програмирање. Таа нагласи дека преку ваквите програми децата развиваат логичко размислување, креативност и вештини за решавање проблеми.

Сепак, таа потенцираше дека дигиталните вештини мора да бидат проследени со безбедност на интернет. Во таа насока, го издвои проектот МК Сафнет – првиот национален центар за побезбеден интернет, кој е дел од европската мрежа. Преку едукативни активности, телефонска линија достапна 24 часа, работилници и поддршка за родители и наставници, овој проект има за цел да создаде побезбедна онлајн средина за децата.

Како професорка, Мицкоска истакна дека технологијата треба да биде алатка што ќе им помага на младите, а не ризик што ќе ги загрозува. Таа нагласи дека соработката меѓу институциите, училиштата, родителите и технолошките компании е клучна за изградба на безбеден дигитален свет.

На крајот, таа упати благодарност до домаќинот на самитот, првата дама на САД, Меланија Трамп, за иницијативата и посветеноста кон темата.

Поврзани содржини

Видеолотарија Касинос Австрија – поддржувач на културата: Оревокршачка на сцената на НОБ

27 март 2026

Фокусирани сме на унапредување на условите во педијатриските оддели, модернизација со набавка на нова медицинска опрема и јакнење на човечките ресурси

27 март 2026

Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -4 степени

27 март 2026
НАЈНОВО

Гркинките можат да завршат доброволна воена служба во копнените сили

27 март 2026

Видеолотарија Касинос Австрија – поддржувач на културата: Оревокршачка на сцената на НОБ

27 март 2026

Фокусирани сме на унапредување на условите во педијатриските оддели, модернизација со набавка на нова медицинска опрема и јакнење на човечките ресурси

27 март 2026

Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -4 степени

27 март 2026

Ример: Знаев дека ќе ги исцрпиме!

27 март 2026
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ads
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.