Александар Трајковски вечерва не доби шанса да настапи во Копехаген и со тоа да го забележи својот 99. настап за репрезентацијата на Македонија. Селекторот Гоце Седлоски сметаше дека не треба да му се даде шанса на Херојот од Палермо.
По ова, сосема неочекувано, на социјалните мрежи се огласи Александра Трајковски, која имаше што да каже.
Нејзиот пост ви го прикажуваме во целост:
“Вечерва гледав нешто што искрено ме повреди.
Не само како сопруга, туку и како некој што знае колку труд, жртва и живот стои зад вистински професионалец.
Гледав како човек кој со години се даваше безрезервно за тимот, за репрезентацијата – човек кој толку многу придонесе за својата земја, за своите игри, за своето срце – седеше на клупата.
И молчи. Достоинствено!
Но, не можам да молчам.
Затоа што ова е погрешно.
Ова не е човечко.
Ова не е правда.
Во време кога квалитетот, искуството и лојалноста треба да бидат мерка за сè, гледаме како оние што го носеа товарот и одговорноста со години се повлекуваат.
И најтешкото од сè – беше како да стана нормално.
Не е нормално.
И не смее да биде.
Не барам привилегии.
Не барам ништо што не е заслужено.
Но барам почит за трудот, за трудот, за годините што не можат да се вратат.
Затоа што кога ќе престанеме да ги цениме вистинските вредности, кога ќе заборавиме кој градел и дал – тогаш не го губиме само играчот.
Го губиме угледот.
Го губиме значењето
И тоа е она што најмногу боли.
Човекот кој даде толку многу на репрезентацијата – вечерва не доби шанса да го направи својот 99-ти настап.
Сè се чита меѓу редови.
Добра ноќ…“


