Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ads
НАЈНОВО

Гркинките можат да завршат доброволна воена служба во копнените сили

27 март 2026

Видеолотарија Касинос Австрија – поддржувач на културата: Оревокршачка на сцената на НОБ

27 март 2026

Фокусирани сме на унапредување на условите во педијатриските оддели, модернизација со набавка на нова медицинска опрема и јакнење на човечките ресурси

27 март 2026

Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -4 степени

27 март 2026

Ример: Знаев дека ќе ги исцрпиме!

27 март 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, март 27
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ads
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -4 степени

Press OnlineBy Press Online27 март 2026 Вести
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Најниска температура утрово е измерена од -4 степени на Попова Шапка, -1 во Лазарополе и Крушево, додека нула степени се регистрирани во Маврови Анови и Претор. Во Охрид утринската температура изнесувала 1 степен, во Битола 2, а во повеќе градови како Крива Паланка, Тетово и Прилеп биле измерени 3 степени. Во Скопје-Зајчев Рид температурата се спуштила до 4 степени, додека во Скопје-Петровец достигнала 6 степени. Најтопло утрово било во Гевгелија со 11 степени.

Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се измерени во Пожар – 18 литри на метар квадратен, потоа во Маврови Анови 13, Пожаране 12 и Попова Шапка 11 литри. Во Велес, Тетово и Ѓуриште се измерени по 10 литри, додека во повеќе градови количината на врнежи се движела од 1 до 8 литри на метар квадратен.

Снежната покривка е највисока на Попова Шапка со 74 сантиметри, додека во Лазарополе има 19 сантиметри снег. Во Маврови Анови снежната покривка изнесува 5, а во Крушево 4 сантиметри.

Според најавите, денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, над 20 литри на метар квадратен. Ќе има услови и за појава на ретки грмежи. На повисоките места дождот ќе преминува во снег, а на планините се очекуваат врнежи од снег и формирање нова снежна покривка.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната температура ќе се движи од 7 до 15 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, а максималната температура ќе достигне околу 13 степени.

Поврзани содржини

Видеолотарија Касинос Австрија – поддржувач на културата: Оревокршачка на сцената на НОБ

27 март 2026

Фокусирани сме на унапредување на условите во педијатриските оддели, модернизација со набавка на нова медицинска опрема и јакнење на човечките ресурси

27 март 2026

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни

27 март 2026
НАЈНОВО

Гркинките можат да завршат доброволна воена служба во копнените сили

27 март 2026

Видеолотарија Касинос Австрија – поддржувач на културата: Оревокршачка на сцената на НОБ

27 март 2026

Фокусирани сме на унапредување на условите во педијатриските оддели, модернизација со набавка на нова медицинска опрема и јакнење на човечките ресурси

27 март 2026

Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -4 степени

27 март 2026

Ример: Знаев дека ќе ги исцрпиме!

27 март 2026
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ads
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.