Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Во Франција отворена истрага против тинејџер кој хакирал милиони податоци

30 април 2026

Вучиќ: Избори на 12 јули и наесен

30 април 2026

Лишен од слобода турски државјанин баран со потерница

30 април 2026

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај, три денари пониска цена за дизелот, два денара за бензините

30 април 2026

Пентагон: Војната со Иран досега чини 25 милијарди долари

30 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, април 30
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Вучиќ прогласи победа на локалните избори во сите општини: Денот го одбележаа тепачки и хаос

Press OnlineBy Press Online30 март 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

6

Вучиќ, чие име „Александар Вучиќ – Србија, наше семејство“ го носеа сите локални изборни листи, во седиштето на СНС пред новинарите, врз основа на прелиминарните партиски резултати, прогласи „победа со 10:0“ над опозицијата и студентските листи. Најнеизвесни резултати, додаде тој, имало во војводинската општина Кула, но дека СНС победила со разлика од 530 гласа.

Изборите се одржаа во Аранѓеловац, Бајина Башта, Бор, Кладово, Књажевац, Кула, Лучани, Мајданпек, Севојно и Смедеревска Паланка, а право на глас имале нешто помалку од 250.000 избирачи.

Медиумите блиски до Вучиќ во текот на целиот ден известуваа за „тортура на блокадерите“ – како што власта ги нарекува студентското движење и опозициските листи, додека набљудувачите од опозицијата, студентското движење и невладините организации ги обвинија владејачките структури дека, во спрега со полицијата, ги заплашуваат граѓаните и создаваат нерегуларни услови за нормален изборен процес.

Прочитајте повеќе:

Според извештаите на независните набљудувачи и опозициските листи, изборниот ден бил обележан со бројни инциденти и неправилности, а гласањето на повеќето места било проследено со физички пресметки, напади врз граѓани, активисти и новинари. Судири биле регистрирани во Бор, Бајина Башта и Кула. Пријавени се бројни неправилности – од т.н. „бугарски воз“ до фотографирање на избирачките ливчиња и притисоци врз гласачите.

„ѝ благодарам на Србија за огромната доверба“, изјави Вучиќ, наведувајќи ги резултатите од изборите, и тврди дека, според најновите истражувања, СНС во последните шест години „стои најдобро“.

Наведувајќи ги денешните резултати, Вучиќ рече дека во Бор е остварена победа со околу 1.900 гласа предност за СНС, во Аранѓеловац со 52,96 проценти, во Бајина Башта 53,49 проценти, а во Кладово СНС освоила 71,98 проценти.

Листата обединета околу СНС во Лучани освоила околу 63,78 проценти од гласовите, во Мајданпек 65,64 проценти, а во Севојно 51,48 проценти, додека во Смедеревска Паланка СНС освоила околу 58 проценти од гласовите.

Според споредбената анализа објавена вечерва од дел од медиумите, во споредба со резултатите од претходните локални избори, листата на Српската напредна странка во повеќето средини забележала раст на поддршката во однос на изборите во 2022 година.

Најголем раст на поддршката СНС забележала во Кладово, Бор, Мајданпек и Аранѓеловац, додека поддршката опаднала во Смедеревска Паланка, Књажевац и Кула.

Полицијата вечерва упаднала во партиските простории на опозицискиот Народно движење на Србија  (НПС), што беше осудено од другите парламентарни опозициски партии. На почетокот причината за упадот не беше позната, а претседателот на НПС, Мирослав Алексиќ, го цитираше објаснувањето што го добиле – дека е во тек „полициско постапување кон лица затекнати во овие простории“.

Вучиќ подоцна им изјави на новинарите дека функционери на НПС се сомничат дека „повикувале луѓе низ Србија и барале да не гласаат за листата број еден“.

„Сите телефони се запленети и верувам дека овие луѓе ќе бидат уапсени“, изјави Вучиќ.

Поврзани содржини

Вучиќ: Избори на 12 јули и наесен

30 април 2026

Во посета на Тирана шефовите на дипломатиите на Словачка, Австрија и Чешка

30 април 2026

Во март Србија ја посетиле најмногу туристи од Русија и од Северна Македонија

30 април 2026
НАЈНОВО

Во Франција отворена истрага против тинејџер кој хакирал милиони податоци

30 април 2026

Вучиќ: Избори на 12 јули и наесен

30 април 2026

Лишен од слобода турски државјанин баран со потерница

30 април 2026

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај, три денари пониска цена за дизелот, два денара за бензините

30 април 2026

Пентагон: Војната со Иран досега чини 25 милијарди долари

30 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.