Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

СДСМ: Груевски веќе има унгарски и српски пасош

21 април 2026

ИОМ: Во 2025 година на мигрантските рути загинаа или исчезнаа приближно 8.000 луѓе

21 април 2026

Левица: Изборот на Ристовски за директор на МРТ значи директно политичко влијание во јавниот сервис

21 април 2026

Зајкова: Законот да важи еднакво за сите – крај за двојните државјанства на функционерите

21 април 2026

Израел: Ништо нема да произлезе од договорот меѓу Американците и Иранците, подготвени сме веднаш да ја продолжиме војната

21 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, април 21
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Прво огласување на Блејк Лајвли по епскиот пораз на суд против Џастин Балдони

Press OnlineBy Press Online4 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

33

Актерката Блејк Лајвли се огласи откако судот ги отфрли 11 од 13 точки од обвинението во нејзината тужба против Џастин актерот Балдони, нагласувајќи дека е благодарна што преостанатиот дел од тужбата за помагање и поттикнување на одмазда и прекршување на договор ќе бидат разгледани од поротата следниот месец.

Блејк Лајвли нагласи дека поднесувањето тужба не била нејзина желба, туку неопходен чекор за да се заштити себеси и другите од одмазда.

„Последното нешто што некогаш го сакав во животот беше тужба, но ја покренав оваа постапка поради сеприсутната одмазда со која се соочив и продолжувам да се соочувам, за приватно и професионално барање безбедна работна средина за себе и за другите. Се надевам дека одлуката на судот ќе им покаже на другите дека, колку и да е болно, секогаш можете да проговорите“, напиша Лајвли на Инстаграм на 3 април.

Прочитајте повеќе:

Актерката, исто така, ја предупреди јавноста да не ја потценува сериозноста на дигиталното насилство што го претрпе.

„Постојаното етикетирање на оваа тужба како ‘драма со познати личности’ не е само неодговорно, туку и намерно – целта е да ве спречат да се препознаете себеси во мојата приказна. Физичката болка од дигиталното насилство е многу реална. Тоа е злоупотреба и е насекаде“, истакна таа.

Лајвли истакна дека ваквите случаи не се ограничени само на познати личности.

„Ако обрнете внимание, моите тужби нема да бидат ниту први ниту последни примери за екстремните опасности од одмазда и дигитално војување, а често нема да бидат насочени кон познати личности или оние кои можат да си дозволат да проговорат“, рече таа.

Како мајка на четири деца – Џејмс, 11, Инес, 9, Бети, 6 и Олин, 3 кои ги има со сопругот Рајан Рејнолдс, Лајвли ги повика родителите да обрнат внимание на дигиталната безбедност на своите деца.

„Ако имате деца што користат мобилни телефони, тие се меѓу најранливите. Заштитете ги. Разговарајте со нив“, додаде актерката

Поранешната ѕвезда од серијата „Озборувачки“ нагласи дека нејзината цел преку судењето е да работи на создавање поголема безбедност.

„Никогаш нема да престанам да се борам за да ги разоткријам системите и луѓето кои сакаат да им наштетат, посрамотат, замолчат и да им се одмаздат на жртвите. Знам дека е привилегија да можам да се спротивставам. Нема да ја потрошам“, рече таа.

Обраќајќи им се на обожавателите, таа додаде: „Вашата поддршка ми дава сила“.

Да потсетиме, Лајвли првпат ја поднесе тужбата во декември 2024 година, обвинувајќи го Балдони за сексуално вознемирување на снимањето на адаптацијата на романот на Колин Хувер „Ова завршува со нас“, но и за започнување кампања за клевета кога таа проговори. Балдони ги негираше обвинувањата, а неговата контратужба беше отфрлена минатиот јуни.

Судијата Луис Џ. Лајман ја отфрли тужбата на Лајвли за сексуално вознемирување бидејќи немаше „суштинска врска“ со Калифорнија, додека тужбата не потпадна ниту под федералниот Закон за граѓански права бидејќи Лајвли била независна соработничка, а не вработена.

Адвокатката на Блејк Лајвли, Сигрид Меколи, изјави дека тужбата ќе продолжи да се фокусира на разорната одмазда и екстремните чекори што го преземаа обвинетите.

„За Блејк Лајвли, најголемата правда е разоткривање на луѓето и прирачникот зад овие координирани дигитални напади, кои веќе реагираат на другите жени што ги таргетираа. Таа со нетрпение очекува да сведочи на судењето и да продолжи да да ја расфетлува оваа опасна форма на интернет-одмазда за да може полесно да се открие и бори против неа“, рече таа.

 

Поврзани содржини

СДСМ: Груевски веќе има унгарски и српски пасош

21 април 2026

Левица: Изборот на Ристовски за директор на МРТ значи директно политичко влијание во јавниот сервис

21 април 2026

Зајкова: Законот да важи еднакво за сите – крај за двојните државјанства на функционерите

21 април 2026
НАЈНОВО

СДСМ: Груевски веќе има унгарски и српски пасош

21 април 2026

ИОМ: Во 2025 година на мигрантските рути загинаа или исчезнаа приближно 8.000 луѓе

21 април 2026

Левица: Изборот на Ристовски за директор на МРТ значи директно политичко влијание во јавниот сервис

21 април 2026

Зајкова: Законот да важи еднакво за сите – крај за двојните државјанства на функционерите

21 април 2026

Израел: Ништо нема да произлезе од договорот меѓу Американците и Иранците, подготвени сме веднаш да ја продолжиме војната

21 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.