Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Левица: Изборот на Ристовски за директор на МРТ значи директно политичко влијание во јавниот сервис

21 април 2026

Зајкова: Законот да важи еднакво за сите – крај за двојните државјанства на функционерите

21 април 2026

Израел: Ништо нема да произлезе од договорот меѓу Американците и Иранците, подготвени сме веднаш да ја продолжиме војната

21 април 2026

Се постапува по препораките на ДПИ, прекинато е студирањето на седум магистранди и на четворица докторанди, велат од Филозофски

21 април 2026

ЕУ усвои нова директива за борба против корупцијата: Исти казни за сите од 24 до 40 милиони евра

21 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, април 21
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ПМФЛ: Силекс ЕКСПРЕС низ Кавадарци, добра “нула“ за Башкими и Брера!

Press OnlineBy Press Online8 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

ФОТО:.facebook.com/fcsileks/?locale=mk_MK


Тиквеш – Силекс 0:3 и Башкими – Брера 0:0 се исходите од првите мечеви од 26.коло во нашата елитна фудбалска лига.

Силекс покажа сила во Кавадарци, тоа беше Силекс ЕКСПРЕС низ Кавадарци. Интересно, ова беше трет меч сезонава меѓу двата ривали и трета победа за Силекс. Со овие 0:3 кавадарчани ја прекинаа серијата од пет меча без пораз.

Стрелци на головите беа Пиреш и Алиќ во првото полувреме и Велиновски во второто. Лош Тиквеш денеска во Кавадарцви, навистина слабо издание на тимот на Борче Христов.

Инаку мечот во Кавадарци започна со подобра игра на краровци, а Анѓелески уште во 3.минута ја погоди стативата на домашните. Во 17.минута водство за кратовци со голот на Пиреш со удар со глава по нафрлената топка од корнер. Шансите се редеа пред домашниот гол, а во 32.минута на другата страна Тиквеш преку Мартин Стојанов можеше да израмни. Во 42.минута Силекс ја круниса подобрата игра со гол за 0:2, стрелец беше Алиќ. Последната шанса во првиот дел ја имаа домаќините преку Гуел, но на пауза се замина со тие 0:2.

Во второто полувреме кавадарчани се обидоа да одиграат нешто, но сепак Силекс со една стабилна игра знаеше што треба да се стори за да се задржи ова водство. Во 65.минута по една мешаница пред гостинскиот гол Ацкоски шутираше, но сепак тоа беше лесен плен на голманот Џеков.

Донов можеше да го зголеми водството на 0:3, тоа беше убава шанса, но тој не успеа да го совлада домашниот голман. Зицер имаше и Мишов, некогашниот напаѓач на Тиквеш, но неговиот лоб за малку беше непрецизен, кавадарчани и сега имаа среќа. Во 83.минута Голубов и тоа како се закани, но Џеков беше одличен на својот гол. И дојде таа 85.минута кога Велиновски со убав гол за водство на Силекс од 0:3, апсолутно заслужено.

Во Куманово, на мечот меѓу Башкими и Брера немаше голови. Тврд меч, без многу шанси, на крајот задоволни и едните и другите по ова реми зошто освоија по голем бод во битката за опстанок. Нема што, добра “нула“ за двата тима.

Сега кумановци имаат 37 бода, а струмичани 32 бода и се наоѓаат на шестата и седмата позиција на табелата.

Поврзани содржини

Левица: Изборот на Ристовски за директор на МРТ значи директно политичко влијание во јавниот сервис

21 април 2026

Зајкова: Законот да важи еднакво за сите – крај за двојните државјанства на функционерите

21 април 2026

Се постапува по препораките на ДПИ, прекинато е студирањето на седум магистранди и на четворица докторанди, велат од Филозофски

21 април 2026
НАЈНОВО

Левица: Изборот на Ристовски за директор на МРТ значи директно политичко влијание во јавниот сервис

21 април 2026

Зајкова: Законот да важи еднакво за сите – крај за двојните државјанства на функционерите

21 април 2026

Израел: Ништо нема да произлезе од договорот меѓу Американците и Иранците, подготвени сме веднаш да ја продолжиме војната

21 април 2026

Се постапува по препораките на ДПИ, прекинато е студирањето на седум магистранди и на четворица докторанди, велат од Филозофски

21 април 2026

ЕУ усвои нова директива за борба против корупцијата: Исти казни за сите од 24 до 40 милиони евра

21 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.