Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

СДСМ: Груевски веќе има унгарски и српски пасош

21 април 2026

ИОМ: Во 2025 година на мигрантските рути загинаа или исчезнаа приближно 8.000 луѓе

21 април 2026

Левица: Изборот на Ристовски за директор на МРТ значи директно политичко влијание во јавниот сервис

21 април 2026

Зајкова: Законот да важи еднакво за сите – крај за двојните државјанства на функционерите

21 април 2026

Израел: Ништо нема да произлезе од договорот меѓу Американците и Иранците, подготвени сме веднаш да ја продолжиме војната

21 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, април 21
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Реакции за Предлог законот за правична застапеност кој помина на владина седница

Press OnlineBy Press Online8 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со цел да се воспостават нови правила за застапеноста на заедниците во државните институции, Владата го усвои предлог-законот за правична и соодветна застапеност. Од Владата истакнуваат дека целта е да се елиминираат нејаснотиите и злоупотребите што го следеа претходниот систем, како и да се изгради професионална и транспарентна администрација.

-Уставниот принцип на правична и соодветна застапеност се издигнува на ниво на законска материја и како таков станува обврзувачки за сите државни институции, изјави Беким Сали, заменик-претседател на Влада.

По одлуката на Уставниот суд за укинување на балансерот, стана уште појасно дека државата не може повеќе да продолжи со делумни решенија или привремени механизми.

-Закон кој ќе обезбеди правична застапеност, но во исто време ќе води сметка и за квалитетот, нешто што досега можеби не беше ставено во фокусот, изјави премиерот Мицкоски.

Сепак, законот предизвика силни политички реакции, особено од албанската опозиција ДУИ и АА – Таравари, кои најавуваат дека нема да го поддржат во Собранието. Опозицијата го оцени предлог-законот како „удар врз етничката еднаквост“, сметајќи дека тој ризикува да ги демонтира постојните механизми за застапеност.

-Ова воопшто не е реформски закон, туку вистински проект за демонтажа на еднаквоста. Отстранувањето на етничките квоти, отсуството на етничка идентификација при вработување и унапредување, како и недостатокот на казнени механизми, ја претвораат оваа иницијатива во инструмент на институционализирана дискриминација, велат од Алијанса за Албанците криво Арбен Таравари.

Новиот закон предвидува Координативно тело кое ќе ја следи застапеноста, но албанските партии велат дека нема обврзувачки мерки за институциите кои не ја почитуваат застапеноста.

-Она што создава најмногу дилеми е што овој закон нема ниту една санкциска одредба за институциите кои ќе го спроведуваат и кои нема да успеат да обезбедат правична и соодветна застапеност. Со еден збор, според мене, овој закон, како што го прочитав, е како да кажеме – да ги унапредиме правниците, но да не им дозволиме на луѓето да покажат дека се правници, изјави Арта Биљали Зендели, потпретседателка на ДУИ.

Од Владата нагласуваат дека овој механизам е суштински за да се спречат злоупотреби и да се зголеми довербата на граѓаните во јавните институции. Законот доаѓа како замена за досегашниот механизам познат како „балансер“, кој беше укинат од Уставниот суд во 2024 година.

Поврзани содржини

СДСМ: Груевски веќе има унгарски и српски пасош

21 април 2026

Левица: Изборот на Ристовски за директор на МРТ значи директно политичко влијание во јавниот сервис

21 април 2026

Зајкова: Законот да важи еднакво за сите – крај за двојните државјанства на функционерите

21 април 2026
НАЈНОВО

СДСМ: Груевски веќе има унгарски и српски пасош

21 април 2026

ИОМ: Во 2025 година на мигрантските рути загинаа или исчезнаа приближно 8.000 луѓе

21 април 2026

Левица: Изборот на Ристовски за директор на МРТ значи директно политичко влијание во јавниот сервис

21 април 2026

Зајкова: Законот да важи еднакво за сите – крај за двојните државјанства на функционерите

21 април 2026

Израел: Ништо нема да произлезе од договорот меѓу Американците и Иранците, подготвени сме веднаш да ја продолжиме војната

21 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.