Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Хаос во Австралија поради убиство на домородно девојче

1 мај 2026

Кривична пријава за ексградоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и четири лица: Не смеело да постои градба, а дозволиле реконструкција

1 мај 2026

Трендафилов со повик до работниците: Трудот на Први мај вреди 250%, пријавете во ССМ ако не ви платат

1 мај 2026

Напад врз рускиот Чернобил: Украина по четврт пат го погоди нафтениот терминал на Црното Море

1 мај 2026

(ВИДЕО) Протестот на работниците под евидентна медиумска блокада

1 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, мај 1
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Божиновска потпиша меморандум за разбирање со САД

Press OnlineBy Press Online8 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Меморандум за разбирање со Соединетите Американски Држави за унапредување на безбедноста на снабдувањето со природен гас, потпиша во Вашингтон министерката за енергетика Сања Божиновска со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау. Меморандумот е дел од стратешкиот дијалог со САД. Детали што конкретно предвидува Меморандумот и за кои и какви проекти за сега нема.

-Документот предвидува и конкретни чекори за развој на инфраструктурата, подобрување на транспарентноста на пазарите на гас, со што се отвора можност за користење на јавни и приватни финансиски инструменти, вклучително и поддршка од меѓународни финансиски институции и извозни кредитни агенции. Фокусот на разговорите е јасен – енергетска безбедност, економска соработка и конкретни проекти што носат стабилност, инвестиции и развој, изјави Сања Божиновска, министерка за енергетика.

Од Министерството за енергетика соопштија само дека Меморандумот ја потврдува заедничката заложба за диверзификација на изворите и рутите за снабдување со природен гас, зголемување на отпорноста на енергетскиот систем, обезбедување стабилен, сигурен и достапен гас за државата, јакнење на регионалната поврзаност и интеграција на пазарите.

Министерот за внатрешни работи, Тошковски пак од Вашингтон пак порача дека Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста.

-Министерството за внатрешни работи добива поддршка од околу 3,5 милиони долари од Соединетите Американски Држави, коишто ќе бидат насочени особено во делот на Граничната полиција и борбата против тероризмот и транснационален организиран криминал. Така да сметаме дека со сите овие заеднички чекори коишто ги преземавме во минатото и со сето она што ќе следи во иднина и те како ќе ја зајакнеме безбедноста, не само на Македонските граѓани, туку и на сите оние коишто да речеме транзитираат низ Македонија и секако би можело да влијаат на било каков начин и на безбедноста и на Соединетите Американски Држави, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Детали за какви проекти и инвестиции се разговарало на вториот Стратешки дијалог меѓу САД и Македонија не откри ниту премиерот.

-Ние имаме заедничка усогласена изјава кога станува збор за царинските тарифи. Истата е потврдена. Потврдени се некои други инвестиции коишто допрва ќе следат, изјави премиерот Мицкоски.

Тој вчера само најави отворање на рудник за антимон во кривопаланечко, кој ќе биде американска инвестиција во рамки на стратешкото партнерство. Планот е антимонот од Лаке да се извезува во Оклахома и да се отвори рудник кај Крива Паланка.

Поврзани содржини

Кривична пријава за ексградоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и четири лица: Не смеело да постои градба, а дозволиле реконструкција

1 мај 2026

Трендафилов со повик до работниците: Трудот на Први мај вреди 250%, пријавете во ССМ ако не ви платат

1 мај 2026

(ВИДЕО) Протестот на работниците под евидентна медиумска блокада

1 мај 2026
НАЈНОВО

Хаос во Австралија поради убиство на домородно девојче

1 мај 2026

Кривична пријава за ексградоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и четири лица: Не смеело да постои градба, а дозволиле реконструкција

1 мај 2026

Трендафилов со повик до работниците: Трудот на Први мај вреди 250%, пријавете во ССМ ако не ви платат

1 мај 2026

Напад врз рускиот Чернобил: Украина по четврт пат го погоди нафтениот терминал на Црното Море

1 мај 2026

(ВИДЕО) Протестот на работниците под евидентна медиумска блокада

1 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.