Најниска утринска температура е измерена на Попова Шапка со -4 степени, додека -2 степени се регистрирани во Берово, Лазарополе и Маврови Анови. Под нулата е и во Крива Паланка со -1 степен, додека 0 степени се измерени во Крушево.
Во Скопје-Петровец утринската температура изнесуваше 1 степен, 2 степени се измерени во Тетово, Виница и Претор, а 3 степени во Битола, Охрид и Куманово. Во Струмица, Демир Капија и Штип се измерени 4 степени, додека во Прилеп и Велес 5. Најтопло утрово е во Скопје-Зајчев Рид и Кавадарци со 6 степени, како и во Гевгелија каде се измерени 10 степени.
Снежна покривка има само на Попова Шапка, каде во 8 часот се измерени 41 сантиметар снег.
Според прогнозата, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието на моменти ќе биде засилен. Максималната дневна температура ќе се движи од 12 до 20 степени.
Во Скопје се очекува слично време – сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер, при што дневната температура ќе достигне до 18 степени.

