Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Филипче: Дебакл на економијата на Мицкоски – странските инвестиции паѓаат, граѓаните со празни фрижидери

17 април 2026

(Видео) Филипче: Новиот закон за високо образование е мафијашки закон

17 април 2026

За влез во Грција од јуни ви треба нов сет прва помош во возилото, плус термално ќебе

17 април 2026

Мицкоски: Ако се носат мерки ќе бидат за одредени сезонски производи, има можност ДДВ да се намали од 5 на 0 проценти

17 април 2026

Почина уште едно лице од масакрот во училиште во Турција

17 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, април 17
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Рама по средбата со Мелони: Ниту една италијанска Влада немала толку многу соработка со нас како оваа под водство на Мелони

Press OnlineBy Press Online17 април 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Албанскиот премиерот Еди Рама е  во официјална посета на Рим, важна средба во контекст на зајакнување на билатералните односи меѓу Албанија и Италија, каде од неговата колешка, Џорџа Мелони,  беше пречекан со сите државнички почести, објави албанската државна агенција АТА.

Во моментот на дочек, Рама повторно привлече внимание со својот посебен гест, клекнувајќи пред Мелони.

 

На средбата на двајцата премиери фокус бил ставен на  напредокот во соработката меѓу двете земји, продлабочувањето на односите меѓу нив, како и прашања од заеднички регионален и европски интерес.

Во објава на социјалните мрежи Рама оценува дека “поддршката од Италија отсекогаш била тука, но, немало толку многу соработка меѓу двете соседни земји отколку сега, кога на чело на италијанската влада е Мелони”.

“Сите италијански влади во последните 35 години биле особено пријателски настроени кон Албанија, но ниедна италијанска Влада не покренала толку обемна програма за стратешка соработка со Албанија како владата на Џорџа Мелони. Понатамошното зближување со Италија преку големи и конкретни проекти носи поголем развој и безбедност за Албанија, напиша Рама. 

Средбата меѓу двајцата премиери доаѓа по првата заедничка седница на владите на двете земји, што се одржа во Рим, во ноември 2025 година, кога беа потпишани 16 договори за соработка.

Во рамки на посетата на Италија, се очекува Рама да се сретне и со министерот за одбрана, Гвидо Кросето.

-По Рим, Рама ќе отпатува за Барселона како дел од меѓународните ангажмани и зајакнувањето на соработката со европските партнери. По покана на премиерот Педро Санчез, ќе учествува и на четвртиот состанок на самитот „Во одбрана на демократијата“, што се одржува во Барселона, Шпанија, наведува АТА.

Во рамките на Самитот, премиерот Рама ќе оствари и билатерални средби со премиерот Санчез и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста.

Поврзани содржини

За влез во Грција од јуни ви треба нов сет прва помош во возилото, плус термално ќебе

17 април 2026

Почина уште едно лице од масакрот во училиште во Турција

17 април 2026

Хрватска ќе гради втор колосек на пругата Дуго Село – Новска. Ќе чини 900 милиони евра. ЕУ ќе плати 90 отсто од трошоците

17 април 2026
НАЈНОВО

Филипче: Дебакл на економијата на Мицкоски – странските инвестиции паѓаат, граѓаните со празни фрижидери

17 април 2026

(Видео) Филипче: Новиот закон за високо образование е мафијашки закон

17 април 2026

За влез во Грција од јуни ви треба нов сет прва помош во возилото, плус термално ќебе

17 април 2026

Мицкоски: Ако се носат мерки ќе бидат за одредени сезонски производи, има можност ДДВ да се намали од 5 на 0 проценти

17 април 2026

Почина уште едно лице од масакрот во училиште во Турција

17 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.