
Загрижени граѓани испратија видео до редакцијата на Инфомакс. На видеото се гледа густ чад како се крева над општина Арачиново и полека се движи низ градот. Според граѓаните чадот потекнува од депонија која веќе две недели гори и го загадува воздухот, предизвикувајќи силни миризби и солзење на очите.
Граѓаните велат дека ја пријавиле ситуацијата во ЦУК, но добиле одговор дека тие не се надлежни и насока дека треба да се пријави кај медиумите.
Во продолжение пораката и видеото кое го добивме.

Извор: infomax.mk

