Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

20 април 2026

САД одобрија продажба на руска нафта за уште еден месец

20 април 2026

Никој немал толкава власт во Бугарија каква што ќе има Румен Радев

20 април 2026

ДУИ бара итна оставка на Изет Meџити: Да не го држи народот во заложништво поради своите лични грешки

20 април 2026

Како Дивиот Запад: Италија ќе им плаќа бонуси на адвокатите кои ги убедуваат мигрантите да се вратат дома

20 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, април 20
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Манасиевски: Димитријевиќ на средба со бивши функционери од српската опозиција за оформување на опозициски фронт, зад ова стојат Заев и Башановиќ

Press OnlineBy Press Online20 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Александар Саша Димитријевиќ, генералниот секретар на СДС, на средба со бивши функционери од српската опозиција за оформување на опозициски фронт, организиран со помош на Зоран Заев и Зоран Башановиќ.



Димитријевиќ, изминатата недела во Македонија, одржал средба со бившиот министер за образование од Србија, Бранко Ружиќ, кој воедно е и потпретседател на СПС, Социјалистичката партија на Србија, на која било разговарано за спојување на опозиционерите од Србија со СДС, за заеднички настап и соработка, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

За да бидат појасни работите, Бранко Ружиќ е политичар кој минатата година беше суспендиран од својата политичка партија, која инаку е во коалиција со партијата на власт во Србија, поради неговите поинакви ставови за работата на истата Влада, во која тој беше министер за образование.

Секако, зад оваа средба и зад овој фронт кој опозицијата од Србија сака да го направи со СДС, стои нивниот ПР шеф Башановиќ и врховниот претседател на СДС, Зоран Заев.

Жалното е што во врвот на СДС никако не им доаѓа памет, кој стигне ги користи за свои приватни цели.

Поради лојалноста и послушноста кон Заев, СДС преку Филипче и Димитријевиќ ќе одработуваат за опозиција во друга држава.

Наместо да се фокусираат во Македонија, да бидат конструктивна и корективна опозиција, тие се занимаваат со други држави и партиите во истите тие држави. Да потсетиме, Филипче и СДС ликуваа на победата на сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ во Унгарија, додека нивната сестринска партија освои 1% од гласовите.

Нашиот совет до СДС е помалку да се занимаваат со други држави и со туѓи влади, а повеќе да се фокусираат на македонската политичка сцена, затоа што полека но сигурно стануваат маргинална партија со рејтинг сличен на статистичка грешка.



Поврзани содржини

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

20 април 2026

ДУИ бара итна оставка на Изет Meџити: Да не го држи народот во заложништво поради своите лични грешки

20 април 2026

„Калинка“ – симбол на среќа и добивки до 700.000 денари!

20 април 2026
НАЈНОВО

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

20 април 2026

САД одобрија продажба на руска нафта за уште еден месец

20 април 2026

Никој немал толкава власт во Бугарија каква што ќе има Румен Радев

20 април 2026

ДУИ бара итна оставка на Изет Meџити: Да не го држи народот во заложништво поради своите лични грешки

20 април 2026

Како Дивиот Запад: Италија ќе им плаќа бонуси на адвокатите кои ги убедуваат мигрантите да се вратат дома

20 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.