Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

20 април 2026

САД одобрија продажба на руска нафта за уште еден месец

20 април 2026

Никој немал толкава власт во Бугарија каква што ќе има Румен Радев

20 април 2026

ДУИ бара итна оставка на Изет Meџити: Да не го држи народот во заложништво поради своите лични грешки

20 април 2026

Како Дивиот Запад: Италија ќе им плаќа бонуси на адвокатите кои ги убедуваат мигрантите да се вратат дома

20 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, април 20
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Србија ќе остане без 1,5 милијарда евра од ЕУ поради контроверзни судски реформи

Press OnlineBy Press Online20 април 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Белград – Eврокомесарката за проширување, Марта Кос, денеска ќе објави дека Европската Унија замрзнува 1,5 милијарди евра наменети за Србија поради контроверзните судски реформи усвоени од Белград во јануари – објави бриселски „Политико“.

Се очекува комесарката Кос да нагласи дека Белград нема да добие ниеден цент од грантовите на ЕУ наменети за хармонизација со Унијата сè додека Венециската комисија на Советот на Европа не го објави своето мислење за српските реформи, што се очекува до крајот на април.

Toа официјално ќе го објави Кос на денешниот состанок на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ).

Србија претходно вети дека ќе ги прифати препораките на Венециската комисија, што може да вклучуваат измена или укинување на спорните закони. Комесарката Кос бара Србија да ги усогласи своите закони за правосудство со тие препораки.

Трпението на ЕУ кон Србија значително се намали во изминатите месеци поради предупредувањата за демократско назадување и анти-ЕУ наративот во Белград, додека Србија одржува блиски врски со Русија, наведува „Политико“.
Ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ѓокиќ, денеска во Брисел ќе има средба со европската комесарка за проширување, Марта Кос, јави „Н1“

Поврзани содржини

Никој немал толкава власт во Бугарија каква што ќе има Румен Радев

20 април 2026

Пријави за бомби во неколку училишта во Сплит, полицијата ги проверува

20 април 2026

Од Словенија се приближува ново невреме: Бура, град и силни ветрови

20 април 2026
НАЈНОВО

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

20 април 2026

САД одобрија продажба на руска нафта за уште еден месец

20 април 2026

Никој немал толкава власт во Бугарија каква што ќе има Румен Радев

20 април 2026

ДУИ бара итна оставка на Изет Meџити: Да не го држи народот во заложништво поради своите лични грешки

20 април 2026

Како Дивиот Запад: Италија ќе им плаќа бонуси на адвокатите кои ги убедуваат мигрантите да се вратат дома

20 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.