Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош, власта го штити

21 април 2026

Вучиќ разговараше со Маѓар и го покани да ја посети Србија

21 април 2026

Украина предложи дел од Донбас да се нарече „Дониленд“ за да го одоброволи Трамп

21 април 2026

Јаневска го чека извештајот од Филозофскиот факултет на УКИМ за нерегуларностите при упис на втор и трет циклус студии

21 април 2026

СДСМ: Груевски веќе има унгарски и српски пасош

21 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, април 21
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Левица: Изборот на Ристовски за директор на МРТ значи директно политичко влијание во јавниот сервис

Press OnlineBy Press Online21 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


МРТ е најголемиот плен на политичко-медиумската мафија, вели Амар Мециновиќ од Левица, додавајќи дека со години јавниот сервис има исто раководство „кое го има претворено во бунар без дно за приватни копродукции и приватни маркетинг агенции“, посочувајќи дека дури и метео-програмата е во приватна копродукција, се вели во соопштението од ПП Левица, што МИА го пренесува интегрално.



Во четврток ќе се бира нов директор на Македонската телевизија, а човекот кој Мицкоски и ДПМНЕ очекуваат да биде избран е Зоран Ристоски, долгогодишен сопственик на маркетинг агенцијата „Греј World Wide” која добива тендери од Државна лотарија. Левица предупредува дека изборот на Ристовски за директор на МРТ значи директно политичко влијание во јавниот сервис.

„МРТ е најголемиот плен на политичко-медиумската мафија“ вели Амар Мециновиќ од Левица, додавајќи дека со години јавниот сервис има исто раководство „кое го има претворено во бунар без дно за приватни копродукции и приватни маркетинг агенции“, посочувајќи дека дури и метео-програмата е во приватна копродукција.

Според него 80 отсто од програмата е копродукција што значи дека „МРТ обезбедува камери, луѓе и сите други услови, а продуктот е во сопственост на приватни субјекти, на кои потоа им се плаќа за емитување“ и додава дека токму заради овој конфликт на интерес, во статутот на Програмскиот совет, кој треба да го избере новиот директор, се вели дека тој не смее да биде сопственик на маркетинг агенција.

„Но, сега на овој конкурс имаме човек кој ќе биде избран за директор на МТВ, кој до 1 март бил сопственик на приватната маркетинг агенција „Греј World Wide”. Овој човек треба да ги однесе директно парите од копродукциите и од зделките во МТВ директно до Мицковски. Тој човек се вика Зоран Ристовски. Маркетинг агенцијата „Греј World Wide” со години добива тендери од озлогласената Државна лотарија за истата да се рекламира преку нив“, вели Мециновиќ.

Од Левица го отвараат и прашањето за начинот на рекламирање на Државна лотарија и прашуваат зошто таа би се рекламирала на небитни и непосетени сајтови. „Ако на пример посетиме еден небитен сајт за кој најверојатно немате чуено, попара точка мк, ќе видите дека на самиот хоумпејџ на сајтот има безброј банери и реклами за Државна лотарија. Зошто државна лотарија би се рекламирала на сајт на кој нема посетители? Одговорот веројатно лежи во поврзани фирми и интереси“, вели Мециновиќ, образложувајќи дека ако малку подлабоко се истражи ќе се дојде до заклучок дека овие сајтови се меѓусебно поврзани зашто на нивните страни или фигурира сопственик со исто презиме како Зоран Ристоски или имаат ист домејн кој го има тековната состојба на „Греј World Wide”.

Левица ги повикува граѓаните активно да се вклучат и да извршат притисок врз Програмскиот сервис на МРТ, кој е надлежен за изборот. „Граѓаните да побараа независен директор на јавниот сервис преку обраќање до програмскиот совет на мејл [email protected], со цел да се направи правилен и независен избор“, вели Мециновиќ во повикот.



Поврзани содржини

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош, власта го штити

21 април 2026

Јаневска го чека извештајот од Филозофскиот факултет на УКИМ за нерегуларностите при упис на втор и трет циклус студии

21 април 2026

СДСМ: Груевски веќе има унгарски и српски пасош

21 април 2026
НАЈНОВО

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош, власта го штити

21 април 2026

Вучиќ разговараше со Маѓар и го покани да ја посети Србија

21 април 2026

Украина предложи дел од Донбас да се нарече „Дониленд“ за да го одоброволи Трамп

21 април 2026

Јаневска го чека извештајот од Филозофскиот факултет на УКИМ за нерегуларностите при упис на втор и трет циклус студии

21 април 2026

СДСМ: Груевски веќе има унгарски и српски пасош

21 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.