Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Тројно убиство во Подгорица: Градежник ги убил другарите, ја малтретирал мајка му и избегал

21 април 2026

Мотоциклист нападнал малолетник и се обидел да прегази друг, откако децата го погодиле со балон со вода

21 април 2026

Дуа Липа помогнала да се соберат средства за воено возило за Украина

21 април 2026

Клековски за докторот кој за еден месец зема 12.000 евра плата: Во основа работел човекот!

21 април 2026

Мелони шокирана од швајцарските болници: Бараат и 70.000 евра за хоспитализација на настрадани во пожарот во Кран Монтана

21 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, април 21
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

СДСМ: ВМРО-ОКГ ангажирала Black Cube за следење на опозицијата – Дури и на погребот на дедото на Саша Димитријевиќ

Press OnlineBy Press Online21 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Соопштение на СДСМ:



ВМРО-ОКГ продолжува со својата болна и црна кампања на лажни вести и фабрикувани приказни.

Единствената вистина е дека генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, беше во Србија на погребот на својот дедо.

Никој друг состанок, никој друг договор, никој друг контакт со било кој од споменатите лица не постои.

Саша Димитријевиќ вчера јасно и недвосмислено го демантираше целиот измислен скандал и изјави дека ниту се видел, ниту ги познава Ружиќ и Башановиќ.

Ова е уште еден класичен пример на fake news што го произведува ВМРО-ОКГ.

Како што најавивме, ВМРО-ОКГ ангажирала Black Cube – приватниот „Мосад” за следење и шпионирање на опозицијата, за креирање лажни вести, снимање и фабрикување афери.

Сега гледаме како таа машина работи: дури и најинтимниот момент, погребот на дедото се користи за политичка кампања.Доказ до каде се подготвени да одат од ВМРО-ОКГ.

 

Колку е ова забегано, да не му дозволат на човекот мирно да го погреба својот дедо, туку да го претворат во „вест” и да го користат за политичкиа пресметка.

Посебно е цинично што ВМРО-ОКГ сега тврди дека постои „договор за опозициско делување со СПС”, партијата која е најблизок партнер на Вучиќ и СНС, а СНС е сестринска партија на ВМРО-ОКГ.

 

Вучиќ, покрај Орбан, е најблизок пријател на Мицкоски.

Покрај „сестринските” врски со СНС, Мицкоски има и „братски” бизнис врски со функционери на СНС.

Така, својот бизнис партнер во енергетиката, Душан Адамовиќ, човек со криминално минато и руски врски, го постави за почесен конзул на Македонија во Србија.

Колку ова нема врска со реалниот живот на граѓаните, а колку е само пласирање лажни информации и црна пропаганда.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста



Поврзани содржини

Мотоциклист нападнал малолетник и се обидел да прегази друг, откако децата го погодиле со балон со вода

21 април 2026

Клековски за докторот кој за еден месец зема 12.000 евра плата: Во основа работел човекот!

21 април 2026

Советот на јавни обвинители ненадлежен за случајот „Пулс“: Државниот обвинител ќе пресече дали Трајчева ќе го води предметот

21 април 2026
НАЈНОВО

Тројно убиство во Подгорица: Градежник ги убил другарите, ја малтретирал мајка му и избегал

21 април 2026

Мотоциклист нападнал малолетник и се обидел да прегази друг, откако децата го погодиле со балон со вода

21 април 2026

Дуа Липа помогнала да се соберат средства за воено возило за Украина

21 април 2026

Клековски за докторот кој за еден месец зема 12.000 евра плата: Во основа работел човекот!

21 април 2026

Мелони шокирана од швајцарските болници: Бараат и 70.000 евра за хоспитализација на настрадани во пожарот во Кран Монтана

21 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.