Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Асоцијацијата на земјоделци не е задоволна од одлуката на МЗШВ

22 април 2026

ЕУ ќе подготви нацрт-договор за пристапување на Црна Гора

22 април 2026

Рејтингот на Трамп паѓа ли паѓа

22 април 2026

Димитровски од Делфи: ЕУ да направи конкретни чекори и да постави конкретни рокови за проширувањето со Западен Балкан

22 април 2026

С Македонија беше пример за целиот регион и не сакаме овој напредок да се изгуби, вели австрискиот канцелар

22 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, април 22
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ДКСК ќе поведе постапки пред надлежен орган за неколку случаи за кои има сомнеж за злоупотреби и корупција

Press OnlineBy Press Online22 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Државната комисија за спречување корупција денеска на седница одлучи да поведе постапка пред надлежн орган за сомневање за злоупотреба на службена положба за директор и в.д. директор на ученички дом. Според информациите добиени од надлежните органи, меѓу кои и Министерството за образование и наука, двете лица не ги исполнувале условите за вработување во ученичкиот дом бидејќи не биле од редовите на вработените, во домот биле сместени и ученици што не ги исполнувале условите за сместување во домот, како и ученици што имале редовен превоз до училиштата во кои учеле, а истовремено зеле и надомест за патни трошоци за учебните 2021/2022 и 2024/2025.



Членот на ДКСК, Сервет Демири, рече дека сомневањата од пријавата се потврдуваат и предложи ДКСК да иницира постапка пред надлежен орган.

 

ДКСК добила анонимна пријава за пет лица, национални координатори именувани од Владата, дека не ја пријавиле имотната состојба и притоа за тројца од нив било констатирано дека не го направиле тоа. Членот на ДКСК, Софија Спасова-Медарска, реферира дека двајца од нив пријавиле имотна состојба, за две лица е изречена глоба, која веќе ја платиле, а за третото лице е изречен прекршочен налог.

 

Постапка пред надлежен орган ДКСК ќе иницира и за случај во кој една општина несоодветно постапувала и свесно одолжувала постапка при пријава за нелегално изградена затоворена тераса на кафе-бар. Членот на ДКСК, Бесник Џемаили, рече дека констатирана е нелегална доградба на куќа во која се врши угостителска дејност.

Постапка пред надлежен орган ДКСК ќе предложи и за случај на избор на директор на основно училиште во една општина, кој во согласност со законот немал соодветен сертификат за англиски јазик.

На седницата на ДКСК беа разгледани и се одлучуваше и за повеќе предмети поврзани со непријавување имотна состојба од поранешни и актуелни општински советници и притоа претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ, рече дека ќе бидат објавени имињата на сите лица што не платиле глоба и/или не пријавиле имотна состојба.

Седницата на ДКСК продолжи по пауза од половина час, а членовите продолжија со разгледување други предмети.

По завршувањето на оваа точка, ќе се разгледуваат предмети поднесени од укажувачи, а седницата во тој дел ќе биде затворена за јавноста.



Поврзани содржини

Асоцијацијата на земјоделци не е задоволна од одлуката на МЗШВ

22 април 2026

Димитровски од Делфи: ЕУ да направи конкретни чекори и да постави конкретни рокови за проширувањето со Западен Балкан

22 април 2026

С Македонија беше пример за целиот регион и не сакаме овој напредок да се изгуби, вели австрискиот канцелар

22 април 2026
НАЈНОВО

Асоцијацијата на земјоделци не е задоволна од одлуката на МЗШВ

22 април 2026

ЕУ ќе подготви нацрт-договор за пристапување на Црна Гора

22 април 2026

Рејтингот на Трамп паѓа ли паѓа

22 април 2026

Димитровски од Делфи: ЕУ да направи конкретни чекори и да постави конкретни рокови за проширувањето со Западен Балкан

22 април 2026

С Македонија беше пример за целиот регион и не сакаме овој напредок да се изгуби, вели австрискиот канцелар

22 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.