Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Словачка постави услов за ЕУ, се заканува со блокирање на санкциите против Русија

23 април 2026

Митовски по соопштението од матичната СДСМ: Ова е мој дом, ќе ја заштитам Крива Паланка

22 април 2026

Швајцарија бара вонсудско решение за трагедијата во Кран-Монтана

22 април 2026

Вечерва промовиран документаецот „Заробена вистина“ посветен на ликот и делото на Крсте Црвенковски

22 април 2026

Герасимовски: Kога ги носам децата на училиште, прескокнуваме преку ѓубре за да стигнеме до училишниот двор

22 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, април 23
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

Press OnlineBy Press Online22 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Комисијата за култура на СДСМ упати остри критики по повод одбележувањето на јубилејот „80 години Драмски театар“, оценувајќи дека наместо празник на уметноста, настанот се претворил во политички скандал. Според опозициската партија, власта ја ставила политиката пред достоинството на вметниците, претворајќи ја прославата во партиски собир на кој немало место за оние кои со децении ја градат оваа институција.

„Зошто министерот во својата матична институција се опкружил со партиски луѓе наместо со колегите со кои до вчера делел сцена? Од што стравува министерот, па нема храброст да се појави пред своите колеги, уметниците?“, прашуваат од Комисијата за култура на СДСМ. Тие потенцираат дека е недозволиво актерите и техничкиот персонал да бидат маргинализирани на сопствениот јубилеј.

Во соопштението се изнесуваат сериозни сомнежи за начинот на кој биле распределени местата во салата. Од СДСМ прашуваат дали е точно дека вработените биле однапред предупредени дека нема да добијат билети бидејќи седиштата биле резервирани за политички гости и нивното обезбедување. Според партијата, ваквиот пристап не е организациски пропуст, туку намерна политичка одлука на директорот на театарот и ресорниот министер.

„Особено загрижува фактот што обезбедувањето на политичките гости не е дел од вработените во театарот, а сепак им се дава предност пред луѓето кои со децении ја градат оваа институција“, реагираат од СДСМ. Тие додаваат дека кога вработените не можат да го одбележат празникот во својата матична куќа, се фрла тешка сенка врз интегритетот на самата институција.

Комисијата за култура потсетува дека театарот треба да остане простор на слободната мисла и дека тој не му припаѓа на ниту еден политички субјект. Според нив, стравот на министерот да се соочи со своите колеги-актери е показател за погрешните политики што се водат во секторот култура.

„Театарот им припаѓа на актерите, на публиката и на слободната мисла. А кога министерот ќе почне да се плаши од актерите, тогаш проблемот не е во театарот, туку во политиката што ја води“, заклучуваат од СДСМ. Опозицијата смета дека овој настан, наместо да донесе „светлина на сцената“, претставува уште еден пример за партизација на културните установи.

Фотографии од настанот објавени од министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, објавени на  фејсбук страницата од Министерот, тука.

Поврзани содржини

Митовски по соопштението од матичната СДСМ: Ова е мој дом, ќе ја заштитам Крива Паланка

22 април 2026

Вечерва промовиран документаецот „Заробена вистина“ посветен на ликот и делото на Крсте Црвенковски

22 април 2026

Герасимовски: Kога ги носам децата на училиште, прескокнуваме преку ѓубре за да стигнеме до училишниот двор

22 април 2026
НАЈНОВО

Словачка постави услов за ЕУ, се заканува со блокирање на санкциите против Русија

23 април 2026

Митовски по соопштението од матичната СДСМ: Ова е мој дом, ќе ја заштитам Крива Паланка

22 април 2026

Швајцарија бара вонсудско решение за трагедијата во Кран-Монтана

22 април 2026

Вечерва промовиран документаецот „Заробена вистина“ посветен на ликот и делото на Крсте Црвенковски

22 април 2026

Герасимовски: Kога ги носам децата на училиште, прескокнуваме преку ѓубре за да стигнеме до училишниот двор

22 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.