Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски: Во Европа нема втор пример како нас во однос на евроинтеграцијата, билатерализацијата го прави процесот неизвесен

22 април 2026

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

22 април 2026

И тие што го подржуваа се радуваат на оставката на Сарафов: Обвинителска драма на бугарски начин

22 април 2026

Украина му го врти грбот на Доналд Трамп

22 април 2026

(Видео) МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

22 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, април 22
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Хорор во Италија, мајка заедно со три деца скокнала од тераса од трет кат

Press OnlineBy Press Online22 април 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Трагедија се случила синоќа во италијанскиот град Катанцаро, каде што 46-годишна жена се фрлила од третиот кат на зграда заедно со своите три деца, информираат италијанските медииуми.

Мајката починала на самото место, како и нејзините две деца, едното на возраст од четири години, а другото четири месеци. Третото дете, девојче на пет и пол години, е хоспитализирано во критична состојба на одделението за интензивна нега.

Истрагата ја води мобилната единица на полицијата во Катанцаро, а ја координира државниот обвинител Грациела Вискоми.

Најверојатната хипотеза со која работат истражителите е убиство-самоубиство. Се претпоставува дека 46-годишната прво ги фрлила децата од балконот, а потоа и самата скокнала.

Форензичарите извршија увид на лице место во станот, а се прегледуваат и снимки од безбедносните камери од околните згради, што би можело да помогне во расветлувањето на околностите. Иако се чини дека нема сомнение дека станува збор за намерен чин, истражителите сакаат да спроведат детална истрага за безбедно да се исклучи вмешаноста на трети страни, што во моментов не се смета за веројатно.

Државното обвинителство во Катанцаро потврди во соопштение дека жената претходно покажувала знаци на ментални проблеми.

Се наведува дека истрагата продолжува за да се „разјасни динамиката на настаните и мотивите на овој неразбирлив чин, кој е поврзан со менталната состојба на жената“. Според првичните информации, таа страдала од блага форма на депресија која се развила по раѓањето на нејзината трета ќерка.

Соседите ја опишуваат како тивка, резервирана и многу религиозна личност, која била активно вклучена во животот на нејзината парохија. Кога спасувачите пристигнале на местото на трагедијата, таа држела бројаница во раката.

Сопругот спиел за време на драмата
Во времето на трагедијата, сопругот на починатата жена спиел во станот и наводно не забележал ништо. Дури откако слушнал бучава и сфатил дека нема никој во станот, се симнал на улицата и затекнал ужасна сцена.

Истрагата во станот, заедно со форензички експерти, ја спроведоа државниот обвинител Грациела Вискоми и началникот на мобилната полициска единица, Росарија ди Блази.

Поврзани содржини

Украина му го врти грбот на Доналд Трамп

22 април 2026

Кина планира градови поприспособени за младите поради падот на наталитетот

22 април 2026

Рејтингот на Трамп паѓа ли паѓа

22 април 2026
НАЈНОВО

Мицкоски: Во Европа нема втор пример како нас во однос на евроинтеграцијата, билатерализацијата го прави процесот неизвесен

22 април 2026

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

22 април 2026

И тие што го подржуваа се радуваат на оставката на Сарафов: Обвинителска драма на бугарски начин

22 април 2026

Украина му го врти грбот на Доналд Трамп

22 април 2026

(Видео) МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

22 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.