Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Митовски по соопштението од матичната СДСМ: Ова е мој дом, ќе ја заштитам Крива Паланка

22 април 2026

Швајцарија бара вонсудско решение за трагедијата во Кран-Монтана

22 април 2026

Вечерва промовиран документаецот „Заробена вистина“ посветен на ликот и делото на Крсте Црвенковски

22 април 2026

Герасимовски: Kога ги носам децата на училиште, прескокнуваме преку ѓубре за да стигнеме до училишниот двор

22 април 2026

„Политико“: Трамп состави список на „непослушни“ членки на НАТО

22 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, април 22
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Мицкоски: Во Европа нема втор пример како нас во однос на евроинтеграцијата, билатерализацијата го прави процесот неизвесен

Press OnlineBy Press Online22 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Имаме чувство дека процесот се билатерализира, а ние сме жртва на булинг што го прави земја-членка на ЕУ по принципот – „ние сме внатре, вие сте надвор, ако сакате да бидете внатре, мора да ги прифатите нашите услови, во спротивно ќе останете надвор“. А тие услови немаат ништо заедничко со Копенхагеншките критериуми, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашање, што планира да направи Македонската влада за деблокирање на процесот на проширување со оглед на билатералните пречки, особено сега, кога во Буграија се одржаа парламентарни избори.

Мицкоски уште еднаш го повтори ставот дека земјава бара гаранции од Европскиот совет за да го исполни барањето за повторно менување на Уставот.

-Нашата позиција е многу јасна – ние сме подготвени како Влада да седнеме со нашите соседи и да разговараме за надминување на овој проблем, но за нас се поважни гаранциите кои ние ќе ги добиеме и ги очекуваме од Европскиот совет за нашиот македонски идентитет, дека нема да има дополнителни билатерални прашања кои повторно некој ќе ги отвори. И трето, што правиме со македонската заедница, која, за жал, во Бугарија не може да формира невладина организација, а камоли нешто повеќе и покрај тоа што Европскит суд за човекови права има донесено најмалку 14 пресуди со кои се бара од Бугарија да дозовли барем регистриање невладини организации, нагласи Мицкоски.

Владата, потенцира, има јасна позиција за иднината на земјата, а тоа е ЕУ, но тоа што фрустрира е, рече, билатерализацијата на пристапниот процес.

-Нашата позиција како Влада е јасна – дека иднината на земјата е во рамки на ЕУ и тука немаме никаква дилема. Но, што е тоа што ги фрустрира македонските граѓани и што ја прави македонската европска индина незивесна? Тоа е процесот на билатерализација на пристапните преговори за кој чувствуавме дека за нас е исклучително тежок и фрустрирачки. Ние овој процес го почнавме пред 26 години, кога го потпишавме договорот за ССА, пред 21 година официјално станавме кандидати, а од 2009-та  го добивме првиот позитивен Извештај од ЕК за почеток на преговорите. За жал, поради билатералните прашања, овој процес за нас се претвори во приказна без крај. Попатно го променивне своето знаме, ги променивме своите банкноти, неколку пати го менувавме Уставот, а последно го променивме и уставното име. Зарем има втор пример во Еврола што може приближно да каже дека направил нешто како нас во името на европските интеграции? Втор  пример нема. И повторно се бара сега од нас – промена на Уставот, истакна Мицкоски.

фото: ФБ на премиерот Христијан Мицкоски

 



Поврзани содржини

Митовски по соопштението од матичната СДСМ: Ова е мој дом, ќе ја заштитам Крива Паланка

22 април 2026

Вечерва промовиран документаецот „Заробена вистина“ посветен на ликот и делото на Крсте Црвенковски

22 април 2026

Герасимовски: Kога ги носам децата на училиште, прескокнуваме преку ѓубре за да стигнеме до училишниот двор

22 април 2026
НАЈНОВО

Митовски по соопштението од матичната СДСМ: Ова е мој дом, ќе ја заштитам Крива Паланка

22 април 2026

Швајцарија бара вонсудско решение за трагедијата во Кран-Монтана

22 април 2026

Вечерва промовиран документаецот „Заробена вистина“ посветен на ликот и делото на Крсте Црвенковски

22 април 2026

Герасимовски: Kога ги носам децата на училиште, прескокнуваме преку ѓубре за да стигнеме до училишниот двор

22 април 2026

„Политико“: Трамп состави список на „непослушни“ членки на НАТО

22 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.