Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Кина планира градови поприспособени за младите поради падот на наталитетот

22 април 2026

Асоцијацијата на земјоделци не е задоволна од одлуката на МЗШВ

22 април 2026

ЕУ ќе подготви нацрт-договор за пристапување на Црна Гора

22 април 2026

Рејтингот на Трамп паѓа ли паѓа

22 април 2026

Димитровски од Делфи: ЕУ да направи конкретни чекори и да постави конкретни рокови за проширувањето со Западен Балкан

22 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, април 22
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Спасовски: Недозволиво е Законот за Влада да се носи спротивно на договорот меѓу партиите

Press OnlineBy Press Online22 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска во Собранието процедурално реагираше на предлог-законското решение за техничката влада, оценувајќи дека неговото носење по скратена постапка е спротивно на воспоставените принципи и реформската агенда.



„Ова законско решение што се предлага излегува од рамките на моделот и начинот на којшто е донесен Законот за Влада и е спротивно на договорениот пристап меѓу политичките партии“, истакна Спасовски.

Тој потсети дека решението за изборните циклуси и техничката влада е резултат на политички договор меѓу четирите најголеми партии, со гаранција од меѓународната заедница, и дека првично било ограничено на изборите во 2016 година. Дополнително, нагласи дека на барање на ВМРО-ДПМНЕ во 2018 година истото решение било повторно донесено без временско ограничување, односно со важност до влезот на државата во Европската Унија.

Спасовски посочи дека актуелните аргументи за измена на законот се во спротивност со претходните ставови и иницијативи на истите политички чинители

„Денеска се изнесуваат ставови коишто директно ги побиваат барањата и предлозите дадени во 2018 година“, рече Спасовски.

Во продолжение, тој нагласи дека Законот за Влада е дел од пошироката реформска агенда, која ги опфаќа и изборниот законик и новиот кривичен законик.

„Со носење на вакво решение набрзина, по скратена постапка, нема да можеме да ги исполниме критериумите од реформската агенда, која предвидува системски и темелен пристап“, потенцираше Спасовски.

Тој повика на враќање на дијалогот и консензусот во рамки на Собранието, со цел да се задржи договорениот модел.

„Нема потреба од брзање. Потребно е да се вратиме на форматот преку кој е донесено ова законско решение, со консензус и дијалог меѓу политичките партии“, заклучи Спасовски



Поврзани содржини

Асоцијацијата на земјоделци не е задоволна од одлуката на МЗШВ

22 април 2026

Димитровски од Делфи: ЕУ да направи конкретни чекори и да постави конкретни рокови за проширувањето со Западен Балкан

22 април 2026

С Македонија беше пример за целиот регион и не сакаме овој напредок да се изгуби, вели австрискиот канцелар

22 април 2026
НАЈНОВО

Кина планира градови поприспособени за младите поради падот на наталитетот

22 април 2026

Асоцијацијата на земјоделци не е задоволна од одлуката на МЗШВ

22 април 2026

ЕУ ќе подготви нацрт-договор за пристапување на Црна Гора

22 април 2026

Рејтингот на Трамп паѓа ли паѓа

22 април 2026

Димитровски од Делфи: ЕУ да направи конкретни чекори и да постави конкретни рокови за проширувањето со Западен Балкан

22 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.