Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Рускоска со емотивна исповед за 4ТВ: Татко ми беше ранет од бугарски куршум, но јас сум за внесување на Бугарите во Уставот

23 април 2026

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера, ОЈО побара притвор

23 април 2026

Трамп: Ѝ наредив на морнарицата да пука и да го крене во воздух секој брод што поставува мини во Ормуската Теснина

23 април 2026

Филипче на Х: Мицкоски отворено ја застапува тезата неговите министри да може да имаат бугарски пасоши

23 април 2026

Трендафилов објави колку работници земаат просечна плата во Македонија

23 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, април 23
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Полицајци претресуваат средношколци пред скопските училишта

Press OnlineBy Press Online23 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Ова се случува со денови, а полицијата досега не нашла никаква дрога — реагирал само педагогот од „Орце Николов“

Неколку дена по ред, полицајци претресуваат средношколци пред скопските средни училишта, а родители се жалат дека полицијата е прилично груба со децата, пишува „МКД.мк“

<Порталот пишува дека досега дрога не е пронајдена, а МВР официјално нема соопштено дали е најдено што било незаконско кај учениците.

Наместо тоа, кај дел од учениците биле најдени клешти, шрафцигери и слични алатки, а тие ученици полицајците дополнително ги проверувале. Учениците се обидувале да објаснат дека тоа е алат што го носат за да ги поправаат велосипедите со кои одат на училиште.

Родителите реагираат на ваквиот пристап, оценувајќи дека наместо масовни проверки на ученици, институциите треба да се насочат кон откривање на евентуалните извори на дрогата која не ја нашле кај децата. Дел од нив велат дека нивните деца биле вознемирени од начинот на кој се спроведувале контролите, посочувајќи дека пристапот на одредени полициски службеници бил непријатен.

„Ги претресуваат децата на многу лош начин и непотребно шират страв. На децата им се обраќаат грубо, со ‘ОТВАРАЈ РАНЕЦ БЕ!’, па некои деца ги тргаат на страна на дополнителен претрес. Кај едно дете најдоа пумпа и шрафцигер за велосипедот, па пола саат го малтретираа со закани дека може да му пишат кривична“, вели родител што набљудувал еден од ваквите претреси пред скопско училиште.

„Нека тресат, ама нека бидат културни, не да го вадат од памет цело школо. Син ми беше потресен од односот на полицајците, кои биле исклучително груби. Најлесно е деца да малтретираш“, вели мајка на скопски средношколец.

Реакција имаше и од педагогот во средното училиште СУГС „Орце Николов“, од каде што посочуваат дека не биле претходно известени за ваквите претреси. МВР вели дека контролите се спроведуваат според утврден план и дека полицијата навреме ги известила училиштата.



Поврзани содржини

Рускоска со емотивна исповед за 4ТВ: Татко ми беше ранет од бугарски куршум, но јас сум за внесување на Бугарите во Уставот

23 април 2026

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера, ОЈО побара притвор

23 април 2026

Филипче на Х: Мицкоски отворено ја застапува тезата неговите министри да може да имаат бугарски пасоши

23 април 2026
НАЈНОВО

Рускоска со емотивна исповед за 4ТВ: Татко ми беше ранет од бугарски куршум, но јас сум за внесување на Бугарите во Уставот

23 април 2026

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера, ОЈО побара притвор

23 април 2026

Трамп: Ѝ наредив на морнарицата да пука и да го крене во воздух секој брод што поставува мини во Ормуската Теснина

23 април 2026

Филипче на Х: Мицкоски отворено ја застапува тезата неговите министри да може да имаат бугарски пасоши

23 април 2026

Трендафилов објави колку работници земаат просечна плата во Македонија

23 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.