Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Обвинителството со нови детали: Се шири акцијата за нелегален увоз на ботокс и филери, вмешани се доктори, сомнежи за злосторничко здружување

24 април 2026

ТРИ ИГРИ, ТРИ ШАНСИ ЗА ДОБИВКА – САМО СО „ЗЛАТНА ТРЕСКА“ НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА!

24 април 2026

Турските власти запленија шверцувано злато и валута во вредност од над 11 милиони евра во близина на турско-сириската граница

24 април 2026

На Ургентен центар транспортирани тројца градежни работници, двајца со полесни повреди, еден со скршеници

24 април 2026

Сојузниците на Трамп стануваат сè покритични кон неговата политика

24 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, април 24
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Николоски: Во Коридорот 8 инвестираме 5 милијарди евра, државата има капацитет за големи проекти

Press OnlineBy Press Online24 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Државата покажува сериозен капацитет да води големи инфраструктурни проекти и додека пред година и половина се зборуваше за проекти кои беа заборавени, сега се работи на нивна сериозна реализација. Ова го истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на работниот состанок посветен на инфраструктурните проекти на Коридорот 8. Според неговите зборови, вкупната инвестиција во патишта и железници на овој коридор изнесува околу 5 милијарди евра, а проектите се одвиваат со добра динамика.

На состанокот, организиран во соработка со Делегацијата на Европската Унија, присуствуваа и заменик-шефот на Делегацијата, Бен Нупнау, како и претставници на меѓународни финансиски институции и директорите на јавните претпријатија. Николоски нагласи дека Коридорот 8 е витален за земјата, особено што НАТО го прогласи за втор најзначаен безбедносен коридор во регионот.

Во делот на патната инфраструктура, министерот информираше дека е завршена реконструкцијата на граничниот премин Деве Баир, каде веќе се разгледува втора фаза за проширување. Пуштени во функција се и обиколницата на Крива Паланка и експресниот пат од Страцин до Крива Паланка. Моментално, во соработка со „Бехтел и Енка“, се работи на автопатските делници Тетово–Гостивар и Гостивар–Букојчани, додека автопатот Охрид–Кичево е во фаза на завршување.

Николоски појасни дека во рамки на Планот за раст, заедно со ЕУ ќе се гради експресен пат помеѓу Куманово и Страцин, со цел да се обезбеди целосно автопатско или експресно решение од границата со Албанија до границата со Бугарија. Во однос на делот кон Ќафасан, тој потенцираше дека автопатското решение до Струга и границата не е доведено во прашање, туку само се дискутира за трасата поради предизвиците со УНЕСКО, за што ќе се разговара и со претставниците на оваа организација при нивната посета.

Што се однесува до железницата, вицепремиерот најави дека за десетина дена ќе биде распишан тендерот за изградба на третата и најкомплицирана фаза од пругата кон Бугарија, односно делницата од Крива Паланка до заедничкиот тунел. Тој изрази надеж дека градежните активности за овој дел ќе започнат во текот на летото, додека тендерот за избор на надзор е веќе активен.

Покрај пругата кон исток, најавена е и реконструкција на железничката линија од Скопје преку Тетово и Гостивар до Кичево. Во однос на поврзувањето со Албанија, Николоски истакна дека е потребен регионален пристап и апелираше до соседите за иста посветеност во реализацијата на проектите. Според него, нема поента државата да инвестира големи средства доколку од другата страна на границите нема соодветни активности за доизградба на целиот коридор.

Поврзани содржини

Обвинителството со нови детали: Се шири акцијата за нелегален увоз на ботокс и филери, вмешани се доктори, сомнежи за злосторничко здружување

24 април 2026

ТРИ ИГРИ, ТРИ ШАНСИ ЗА ДОБИВКА – САМО СО „ЗЛАТНА ТРЕСКА“ НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА!

24 април 2026

На Ургентен центар транспортирани тројца градежни работници, двајца со полесни повреди, еден со скршеници

24 април 2026
НАЈНОВО

Обвинителството со нови детали: Се шири акцијата за нелегален увоз на ботокс и филери, вмешани се доктори, сомнежи за злосторничко здружување

24 април 2026

ТРИ ИГРИ, ТРИ ШАНСИ ЗА ДОБИВКА – САМО СО „ЗЛАТНА ТРЕСКА“ НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА!

24 април 2026

Турските власти запленија шверцувано злато и валута во вредност од над 11 милиони евра во близина на турско-сириската граница

24 април 2026

На Ургентен центар транспортирани тројца градежни работници, двајца со полесни повреди, еден со скршеници

24 април 2026

Сојузниците на Трамп стануваат сè покритични кон неговата политика

24 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.