Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Грчкиот пејач Јоанис Лакис вечер ќе настапи во Струмица, утре во Скопје

24 април 2026

Норвешка планира забрана за социјални мрежи за деца под 16 години

24 април 2026

Трагедија во Кисела Вода: Градежници затрупани во ископ за нова зграда

24 април 2026

Трамп ја исклучи можноста за употреба на нуклеарно оружје во војната против Иран

24 април 2026

САД го одобрија првиот голем договор за подморници во рамките на АУКУС

24 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, април 24
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Силен земјотрес јужно од грчкиот остров Крит

Press OnlineBy Press Online24 април 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтер беше регистриран кусо пред 6.30 часот утрово по локално време во морскиот дел јужно од грчкиот остров Крит, а засега не се пријавени некакви проблеми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Геодинамичкиот институт, епицентарот бил во морската област седум километри југозападно од крајбрежниот град Гудура и на длабочина од 5 километри.

Заменикот префект на областа Јанис Андрулакис за државната телевизија ЕРТ рече дека земјотресот бил почувствуван во источниот дел на островот и се во исчекување да видат дали се предизвикани некакви проблеми, а цивилната заштита на конкретните регионални единици е во состојба на готовност.

Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) професорот Ефтимиос Лекас за ЕРТ посочи дека освен на Крит земјотресот бил почувствуван и на соседните острови Касос и Карпатос.

Сеизмологот Герасимос Пападопулос на социјалните мрежи коментираше дека веќе следат последователни потреси, од кои најголемиот досега е со магнитуда 3,8 степени, но и дека во претходните денови имаше земјотреси, а сеизмичката активност се развива на значително растојание од Крит и „ова ја намалува опасноста дури и ако се случи уште поголем земјотрес“.

-На 2 мај 2020 година, земјотрес со јачина од 6,6 степени се случи малку појужно, но не предизвика значителни штети поради растојанието. Тогаш имаше и мало цунами кај Јерапетра и Касос, напиша сеизмологот.

Поврзани содржини

Унгарски МОЛ најави дека долгорочно ќе ја задржи рафинеријата во Панчево доколку стане мнозински сопственик на НИС

23 април 2026

Рама ја обвини ЕУ дека направила „стратешка грешка“ со Русија, требало да преговара

23 април 2026

ЕУ во судир со САД заради гасовод на Балканот

23 април 2026
НАЈНОВО

Грчкиот пејач Јоанис Лакис вечер ќе настапи во Струмица, утре во Скопје

24 април 2026

Норвешка планира забрана за социјални мрежи за деца под 16 години

24 април 2026

Трагедија во Кисела Вода: Градежници затрупани во ископ за нова зграда

24 април 2026

Трамп ја исклучи можноста за употреба на нуклеарно оружје во војната против Иран

24 април 2026

САД го одобрија првиот голем договор за подморници во рамките на АУКУС

24 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.