Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

ЕУ за прв пат воведе санкции против Киргистан поради помагање на Русија

25 април 2026

Трајчулески: ВМРО сега ретерира за уставноста на законот за државјанства, дали сфатија дека министри ќе останат без мандат?

25 април 2026

Американски војник вклучен во нападот на Мадуро обвинет дека се кладел за негово апсење

25 април 2026

Љутков: Над 11 милиони денари за ревитализација на културното наследство во Охрид

25 април 2026

Димитров заедно со албанскиот министер за надворешни од Делфи до земјите членки: Наше е да правиме реформи, ама на ЕУ е да си ја одржи “бесата”

25 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, април 25
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Шестмина во ефективен притвор, четворица во куќен по големата полициска акција за лажни ботокси и филери

Press OnlineBy Press Online25 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 



Основниот кривичен суд Скопје ги донесе конечните одлуки за мерките за обезбедување присуство на осомничените лица опфатени во последната акција на органите на прогонот за лажни ботокси и филери, објави 4news.mk По испитувањето на сите осомничени, судијата на претходна постапка одреди мерки за вкупно 19 лица.

Обвинителството се премислило за двајца, судот одбил три притвори
Според информациите од судот, надлежното обвинителство првично доставило 11 предлози за определување најстрога мерка – ефективен притвор.

Меѓутоа, по сослушувањето на осомничените, за две лица самото Обвинителство го преиначило предлогот барајќи поблага мерка (куќен притвор). Судот прифатил само едно од овие две барања, додека за второто лице одредил поблага санкција – мерки на претпазливост.

Во однос на останатите 9 предлози за ефективен притвор, судот:

Уважил 6 предлози – испраќајќи ги осомничените зад решетки.
Одбил 3 предлози – и на овие тројца осомничени наместо ефективен, им определил мерка куќен притвор.
Земајќи ги предвид овие одлуки, како и останатите предлози кои од самиот почеток се однесувале исклучиво на поблаги мерки, конечниот биланс за осомничените од оваа акција е следниот:

Ефективен притвор: 6 лица
Куќен притвор: 4 лица
Мерки на претпазливост: 9 лица
Обвинителството поведе истрага против 19 лица осомничени за увоз на фалсификувани ботокси и филери без царинска контрола, нивно складирање по домови на роднини и аплицирање на недозволени естетски препарати на пациенти. Меѓу осомничените има лекари од Клиниката за дерматологија и од Дерматолошкиот оддел во Градската општа болница „8 Септември“, но и лекари и сопственици на приватни дерматолошки ординации, како и царински службеник кој, според истрагата, го овозможувал шверцот на сомнителните препарати.

Во акцијата досега се уапсени 14 лица, а за 12 од нив Обвинителството бара притвор.

Во рамки на истрагата, врз основа на претходно обезбедени судски наредби, во Скопје, Струмица и Битола биле извршени претреси на повеќе локации. При акцијата биле пронајдени и одземени поголеми количества медицински лекови и помагала, меѓу кои филери, ботокс и хијалурон, како и 39.285 евра, 2.490 швајцарски франци, 26.000 денари, патничко возило „порше“, поголема количина парфеми и декларации, мобилни телефони, тревкаста материја и други предмети.

Според Обвинителството, постои основано сомнение дека вкупно 19 лица се вклучени во извршување на кривичните дела злосторничко здружување, повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма, како и примање поткуп. Со пријавата се опфатени и шест правни лица.

Истрагата покажува дека во текот на 2026 година, со намера да стекнат противправна имотна корист, седуммина осомничени формирале две криминални групи, на кои подоцна им се приклучиле и останатите. За прикривање на активностите, користеле правни лица од Битола и Скопје како параван. На организиран начин набавувале фалсификувани медицински лекови и помагала, вклучително и ботокс, од Србија, Кореја и Турција, а потоа нелегално ги внесувале во државата за да ги складираат, дистрибуираат, продаваат и аплицираат на трети лица.

Во најголем дел, според истрагата, во ова биле вклучени лекари, кои иако знаеле дека препаратите претставуваат лекови и медицински помагала што не биле увезени согласно прописите, ниту имале соодветни упатства и декларации со одобрение од МАЛМЕД, сепак ги користеле за естетски корекции. Со тоа, според обвинението, била предизвикана општа опасност по животот и здравјето на луѓето.

Посебно е издвоен и случајот со царинскиот службеник, кој, според Обвинителството, примил поткуп во два наврати за да овозможи влез на нелегалната стока во државата без да биде извршена царинска контрола на две пратки со лекови.

Истрагата ги опфаќа и блиски роднини на дел од осомничените, кои, иако знаеле за нелегалните активности, активно учествувале во преземање, складирање и чување на сомнителните лекови и медицински помагала во своите домови.

Јавниот обвинител оценил дека постојат законски основи за определување притвор за 12 осомничени и најави дека до судијата на претходна постапка ќе биде доставен таков предлог. За останатите пет осомничени ќе бидат предложени други мерки за обезбедување на нивното присуство.



Поврзани содржини

Трајчулески: ВМРО сега ретерира за уставноста на законот за државјанства, дали сфатија дека министри ќе останат без мандат?

25 април 2026

Љутков: Над 11 милиони денари за ревитализација на културното наследство во Охрид

25 април 2026

Димитров заедно со албанскиот министер за надворешни од Делфи до земјите членки: Наше е да правиме реформи, ама на ЕУ е да си ја одржи “бесата”

25 април 2026
НАЈНОВО

ЕУ за прв пат воведе санкции против Киргистан поради помагање на Русија

25 април 2026

Трајчулески: ВМРО сега ретерира за уставноста на законот за државјанства, дали сфатија дека министри ќе останат без мандат?

25 април 2026

Американски војник вклучен во нападот на Мадуро обвинет дека се кладел за негово апсење

25 април 2026

Љутков: Над 11 милиони денари за ревитализација на културното наследство во Охрид

25 април 2026

Димитров заедно со албанскиот министер за надворешни од Делфи до земјите членки: Наше е да правиме реформи, ама на ЕУ е да си ја одржи “бесата”

25 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.