Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Трамп објави продолжување на примирјето меѓу Либан и Израел за три недели

25 април 2026

ЕУ за прв пат воведе санкции против Киргистан поради помагање на Русија

25 април 2026

Трајчулески: ВМРО сега ретерира за уставноста на законот за државјанства, дали сфатија дека министри ќе останат без мандат?

25 април 2026

Американски војник вклучен во нападот на Мадуро обвинет дека се кладел за негово апсење

25 април 2026

Љутков: Над 11 милиони денари за ревитализација на културното наследство во Охрид

25 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, април 25
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Димитров заедно со албанскиот министер за надворешни од Делфи до земјите членки: Наше е да правиме реформи, ама на ЕУ е да си ја одржи “бесата”

Press OnlineBy Press Online25 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На панел посветен на предизвиците во процесот на проширување на ЕУ, претседателот на „Солуција”, Никола Димитров, заедно со министерот за надворешни работи на Албанија, Ферит Хоџа упатија порака до земјите членки дека време е Унијата да си го одржи зборот даден уште на Самитот во Солун 2003.

„Мораме многу повеќе да работиме за нашата цел во земјите членки на ЕУ, да убедуваме и да сме активни. Немаме луксуз да нѐ нема”, порача утрово во Делфи претседателот на “Солуција”, Никола Димитров, осврнувајќи се на важноста од европската интеграција на целиот регион: Прашањето на проширување е прашање на безбедност, прашање е на консолидација на границите. Кога ставате блокади и ги засилувате границите, храните политички сили кои го злоупотребуваат наративот на поделби и на големи држави – повикуваме опасни демони назад. Самата актуелна Европска комисија беше промовирана како геополитичка, ама ако вие не можете да испорачате локално, таму каде имате најголемо влијание, како може да се надевате да испорачате на други места во светот? Ветувањата треба да се одржат”, истакна тој.

Димитров зборуваше и за предизвикот со имиџот на регионот и предрасудите што понекогаш ЕУ ги има.

„Треба да престанеме да се преправаме. Сите зборуваме са мерит базиран процес, ама тоа не е точно. Врз основа на вкупно постигнатиот напредок мојата земја е веднаш зад Црна Гора, ама тоа не е важно, оти сѐ уште сме заглавени со билатерални прашања што се испреплетени во процесот. Во многу земји членки кога се зборува за регионот веднаш се мисли на реформски застој. Но, во некои области стоиме подобро и од некои земји членки. Северна Македонија, на пример, во медиумските слободи. Но, ова малку се знае.

Ни треба поддршка од група членки поддржувачи на проширувањето, како што тоа го прави пријателска Австрија, на пример, а ние мораме што повеќе да зборуваме во еден глас, не само ние од регионот туку и заедно со Украина и Молдавија. Мораме да се поддржуваме и да помагаме – Црна Гора да успее, Албанија да ја туркаме, оти ако пак нема резултати од ЕУ, тоа ќе биде погубно за европскиот дух насекаде”.

Министерот Хоџа  зборуваше дека цената за ЕУ да не го интегрира регионот е многу поголема од таа да ги отвори своите врати и исто порача дека важно е ЕУ да биде фер кога ги тестира земјите и кога ги цени постигнатите реформи, како и да биде доследна во почитување на “бесата” што ја има дадено кон целиот регион.

„Немаме план Б, ние ќе работиме, ќе бидеме ентузијасти и чекаме ферски да бидеме ценети, тоа ми е пораката до земјите членки.”

Заедно со Димитров и Хоџа, на овој панел беа и грчкиот професор Јанис Армаколас од Елиамеп, поранешниот американски амбасадор во Белград, Кристофер Хил, поранешниот вицепремиер на Косово и актуелен пратеник Енвер Хоџај,  амбасадорката на Австрија во Бугарија,  Андреа Бем и германскиот амбасадор во Приштина, Рајнер Рудолф.

Поврзани содржини

Трајчулески: ВМРО сега ретерира за уставноста на законот за државјанства, дали сфатија дека министри ќе останат без мандат?

25 април 2026

Љутков: Над 11 милиони денари за ревитализација на културното наследство во Охрид

25 април 2026

Филипче: Мицкоски ретерира затоа што министри, пратеници, градоначалници од ВМРО имаат бугарски пасоши

25 април 2026
НАЈНОВО

Трамп објави продолжување на примирјето меѓу Либан и Израел за три недели

25 април 2026

ЕУ за прв пат воведе санкции против Киргистан поради помагање на Русија

25 април 2026

Трајчулески: ВМРО сега ретерира за уставноста на законот за државјанства, дали сфатија дека министри ќе останат без мандат?

25 април 2026

Американски војник вклучен во нападот на Мадуро обвинет дека се кладел за негово апсење

25 април 2026

Љутков: Над 11 милиони денари за ревитализација на културното наследство во Охрид

25 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.