Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Кол Ален напишал објаснување за семејството пред да нападне

26 април 2026

РКЕ решава за цените на горивата – можно задржување или мало намалување?

26 април 2026

Oружен напад врз автомобил во движење кај албанскиот град Лежа, убиени сопружници

26 април 2026

Шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени четири лица

26 април 2026

Убиен министерот за одбрана на Мали

26 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, април 26
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Петрушевски: Филипче, на кој дома му е во Дубаи, не може да зборува за патриотизам и државни интереси

Press OnlineBy Press Online26 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Филипче, на кој дома му е во Дубаи, не може да зборува за патриотизам и државни интереси, дополнително само и штети на евроинтеграцијата на Македонија, рече на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, наведува во соопштение на партијата, кое МИА го пренесува интгрално:



Секој ден сведочиме дека Венко Филипче е слуга на Зоран Заев. Зошто? Затоа што само бара изговори, бега од теми како реформската агенда, само за да му поминува бизнисот на газда Заев.

Наместо поддршка за реформи, за законски измени, како оние секој пратеник да има само македонско државјанство, тие обвинуваат.

И тоа кој обвинува? Лица кои се дел од СДС, чиј самонарачен претседател, а реално слуга на Заев, Филипче, дома му е Дубаи и Обединетите Арапски Емирати.

Почитувани, јасно е дека Филипче и неговиот газда Заев, се само пример за лоши политичари со погрешни приоритети.

Токму тие двајца го водеа системот кога СДС беше на власт, а на граѓаните им ветуваа правда, подобар живот, европска иднина. А, на што сведочеа граѓаните? На корупција, криминал, правосуден систем кој функционира по нивни диктат и, секако, многу лаги од типот почнавме преговори со Брисел, а почетокот не беше ни на повидок. Токму тие кои сега сакаат да зборуваат за патриотизам и државни интереси распродадоа сè.

По создавањето на вакви проблеми, тешко е враќањето на вистинскиот пат.

Но, државата сега ја води ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, кои се тука за секој еден граѓанин. Ако Филипче продолжи да го следи слепо патот кој му го трасира Заев, само ги попречува демократските процеси, а воедно и напредокот на Македонија.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



Поврзани содржини

РКЕ решава за цените на горивата – можно задржување или мало намалување?

26 април 2026

Шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени четири лица

26 април 2026

Муцунски за вооружениот напад во Вашингтон: Насилството нема место во демократијата

26 април 2026
НАЈНОВО

Кол Ален напишал објаснување за семејството пред да нападне

26 април 2026

РКЕ решава за цените на горивата – можно задржување или мало намалување?

26 април 2026

Oружен напад врз автомобил во движење кај албанскиот град Лежа, убиени сопружници

26 април 2026

Шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени четири лица

26 април 2026

Убиен министерот за одбрана на Мали

26 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.