Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Филипче: Никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието, тоа е само спин на премиерот

28 април 2026

ССМ со петта Синдикална академија: Зајакнување на работничката борба во пресрет на големиот јубилеј

28 април 2026

Вајц вели земјава не постигнала никаков напредок во реформите во последната година, според Мицкоски нема таков извештај од ЕУ

28 април 2026

ВРЕДИ: Иницијативата на ДУИ за уставни измени е пародија

28 април 2026

Светските трошоци за вооружување лани достигнале 2.887 милијарди долари, најмногу во Европа и во Азија

28 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, април 28
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Потенцијал во третман на невродегенеративни заболувања, вклучително и Алцхајмер: Патент на годината 2025 за Фармацевтскиот факултет при УКИМ

Press OnlineBy Press Online27 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Државниот завод за индустриска сопственост, денеска, по повод Светскиот ден на интелектуалната сопственост, 26 Април, му додели признание Патент на годината 2025 на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) за пронајдокот „Кумарин-1,2,3-триазол-изатин хибридни молекули и нивна примена“ во областа на медицинската хемија.



Пронајдокот се однесува на развој на нови хибридни хемиски соединенија со потенцијална примена во третман на невродегенеративни заболувања, вклучително и Алцхајмерова болест. Резултат е на научноистражувачката работа на проф. д-р Ана Поцева-Пановска и доц. д-р Александар Димковски, реализирана во рамките на истражувачките активности на Фармацевтскиот факултет.

null

Според ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова, ова е воедно и прв патент на УКИМ во областа на медицинската хемија.

– Овој прв патент во областа на фармацијата и медицинската хемија е повеќе од научно достигнување. Тоа е потврда за посветеноста, знаењето и за визијата што се негуваат во нашата академска заедница. Патентот отвора нови хоризонти во истражувањето и третманот на невродегенеративните заболувања, вклучително и Алцхајмеровата болест – предизвик со кој се соочува современото општество на глобално ниво. Овој патент не е само прв за Фармацевтскиот факултет, туку е и важен чекор за УКИМ во целина. Ја потврдува нашата научна зрелост и ја зајакнува нашата позиција како институција која активно учествува во создавањето иновативни решенија со реален општествен импакт. Нашата мисија останува јасна, да создаваме знаење што ќе му служи на општеството и ќе придонесува за подобра иднина – истакна ректорката во обраќањето.

Според директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Елјеса Незири, идеите на истражувачите не само што носат напредок туку и инспирираат нови генерации да создаваат и да градат подобро и поиновативно општество.

null

Секоја година на овој ден Меѓународната заедница го одбележува Светскиот ден на интелектуалната сопственост, посветен на препознавање на суштинската улога на интелектуалната сопственост во поттикнувањето на креативноста и иновациите. Во 2026 година темата од Светската организација за интелектуална сопственост е интелектуална сопственост и спортот. Оваа тема ја истакнува моќта на интелектуална сопственост како двигател на развојот на светот на спортот преку развој на нови технологии и опрема до инспиративни брендови и дизајни – рече Незири.

Како што појасни проф. д-р Поцева-Пановска образложувајќи го пронајдокот, развиените соединенија дејствуваат како инхибитори на ацетилхолинестераза и бутирилхолинестераза, ензими што имаат клучна улога во регулацијата на невротрансмитерот ацетилхолин. Пронајдокот се базира на современ пристап во медицинската хемија, односно дизајн на мултитаргет молекули, кои овозможуваат истовремено дејствување на повеќе биолошки цели. Овој концепт е особено значаен во развојот на нови терапии за комплексни заболувања, како што се невродегенеративните болести.

Пронајдокот и спроведењето на истражувањето на Фармацевтскиот факултет отвора нови перспективи во развојот на терапии за невродегенеративните заболувања и поставува темел за идни научни и технолошки достигнувања.

 

– Се очекува ваквите резултати да придонесат за поголема меѓународна видливост на македонската наука и да отворат можности за нови соработки со истражувачки и индустриски партнери. Овој успех јасно покажува дека со знаење, посветеност и визија научните идеи може да се трансформираат во решенија со потенцијал за идни развојни и применливи резултати. Во моментот нашето истражување е во претклиничка фаза. Следните чекори се насочени кон продлабочување и проширување на истражувањето. Крајната цел е овие соединенија да прераснат од лабораториски резултат во реална терапевтска опција за пациентите – рече д-р Поцева-Пановска во рамките на манифестацијата „Патент на годината 2025“.

 

 

 



Поврзани содржини

Филипче: Никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието, тоа е само спин на премиерот

28 април 2026

ССМ со петта Синдикална академија: Зајакнување на работничката борба во пресрет на големиот јубилеј

28 април 2026

Вајц вели земјава не постигнала никаков напредок во реформите во последната година, според Мицкоски нема таков извештај од ЕУ

28 април 2026
НАЈНОВО

Филипче: Никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието, тоа е само спин на премиерот

28 април 2026

ССМ со петта Синдикална академија: Зајакнување на работничката борба во пресрет на големиот јубилеј

28 април 2026

Вајц вели земјава не постигнала никаков напредок во реформите во последната година, според Мицкоски нема таков извештај од ЕУ

28 април 2026

ВРЕДИ: Иницијативата на ДУИ за уставни измени е пародија

28 април 2026

Светските трошоци за вооружување лани достигнале 2.887 милијарди долари, најмногу во Европа и во Азија

28 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.