Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Иран предага воспоставување механизми за колективна безбедност на Блискиот Исток без учество на САД

27 април 2026

Николоски: Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември

27 април 2026

Поранешните израелски премиери Бенет и Лапид се здружуваат за да го поразат Нетанјаху

27 април 2026

Груевски подготвува ново бегство – Мицкоски сè уште не испратил ниту еден документ за екстрадиција, велат од СДСМ

27 април 2026

Филипче: Изјавата на Мицкоски дека децении ќе чекаме е признание дека оваа влада не сака во ЕУ

27 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, април 27
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Филипче: Изјавата на Мицкоски дека децении ќе чекаме е признание дека оваа влада не сака во ЕУ

Press OnlineBy Press Online27 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во Собранието на дебатата „Улогата на Собранието во процесот на пристапување во ЕУ“, во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ), упати остри критики до владата на Христијан Мицкоски, обвинувајќи ја за свесно запирање на европскиот пат на државата. Коментирајќи ја последната изјава на премиерот дека земјата е подготвена да чека и со децении за влез во Унијата, Филипче истакна дека тоа е експлицитна потврда оти оваа извршна власт нема да направи ниту еден суштински чекор кон Европа.

„Вистината е разочарувачка. Немојте да очекувате ништо од европскиот пат додека е оваа влада на сцена. Самиот премиер јавно кажа дека, ако треба, децении ќе чекаме. Тоа е признание дека тие воопшто немаат план, ниту желба за интеграција“, изјави Филипче за време на денешниот настан.

Реформската агенда во застој: Од 10 закони, донесен само еден

Како клучен доказ за институционалната пасивност, Филипче ја посочи реформската агенда во правосудството. Тој нагласи дека во текот на 2025 година владата требала да предложи десетина клучни закони, но до Собранието стигнал и бил донесен само еден, и тоа со делумно имплементирани препораки од оценската мисија на ЕУ.

„Собранието не може да направи ништо кога Владата не продуцира материјали. Реформските закони едноставно не стигнуваат до комисиите. Овие закони се директно врзани со финансиска поддршка од Европа која сега е под знак прашалник поради неработењето на министерствата“, појасни лидерот на опозицијата.

Игнорирана понудата за соработка на реформите

Филипче откри дека по понудата за заедничка работа на реформската агенда, СДСМ преку работна група испратил стручни, експертски мислења за законите во правосудството до Министерството за правда, но оттаму нема никаков одговор. Според него, ова покажува дека власта не е заинтересирана за политички консензус, туку за одржување на статус-кво состојба.

„Додека не се смени оваа влада, ние нема да направиме никаков чекор напред. Реформите се заглавени во Министерството за правда, а одговори на нашите експертски предлози едноставно нема. Вистината е дека оваа влада работи на изолација, а не на интеграција“, заклучи Филипче.

Поврзани содржини

Николоски: Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември

27 април 2026

Груевски подготвува ново бегство – Мицкоски сè уште не испратил ниту еден документ за екстрадиција, велат од СДСМ

27 април 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

26 април 2026
НАЈНОВО

Иран предага воспоставување механизми за колективна безбедност на Блискиот Исток без учество на САД

27 април 2026

Николоски: Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември

27 април 2026

Поранешните израелски премиери Бенет и Лапид се здружуваат за да го поразат Нетанјаху

27 април 2026

Груевски подготвува ново бегство – Мицкоски сè уште не испратил ниту еден документ за екстрадиција, велат од СДСМ

27 април 2026

Филипче: Изјавата на Мицкоски дека децении ќе чекаме е признание дека оваа влада не сака во ЕУ

27 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.