
Министри, пратеници, градоначалници, директори, функционери на ВМРО-ОКГ имаат бугарски пасоши.
Владата на Мицкоски е влада на лажни патриоти со бугарски пасоши.
Пред јавноста глумат заштитници на македонскиот идентитет од Бугарија, а во реалност тие се бугарско државјанство.
Прашањето е чии интереси ги застапува оваа власт македонските или бугарските?
Откако СДСМ јасно побара законот за двојни државјанства да важи не само за пратениците, туку и за министрите во Владата и за сите избрани и именувани функционери, и тоа да важи веднаш, Мицкоски ретерираше.
Толку со лажниот патриотизам на ВМРО-ОКГ.
Додека ги блокираат ЕУ процесите, за себе си ги обезбедиле европските пасоши. Половина од нив се веќе во ЕУ, ама со бугарски пасоши.
Тендер-коалиција ВМРО-ЗНАМ е формирана врз лаги, ги излажа граѓаните и ги измами.

