Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

САД се „понижени“ и надмудрени од Иран, изјави Фридрих Мерц

28 април 2026

Пратениците на СДСМ ја напуштаат работата за Изборниот закон

28 април 2026

Србија му даде државјанство на внукот на Кадиров. По пет дена му го одзеде

28 април 2026

(Видео) Левица: Приведен член на Црвена младина пред натпреварот Македонија–Израел поради знаме на Палестина

28 април 2026

Петар Маѓар го покани Володимир Зеленски на средба

28 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, април 28
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Лицата без државјанство можат да се лекуваат преку „Мој термин“

Press OnlineBy Press Online28 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во националниот електронски систем „Мој термин“ вметнат е модул за евидентирање на здравствените услуги за лицата без лични документи. Лицата без утврден идентитет, кои преку надлежните институции добиваат единствен идентификационен број, преку овој модул можат да бидат препознаени во здравствениот систем.



Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на промоцијата на протоколот за постапување со лица без државјанство, во организација на ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка во Европа) и Министерството за внатрешни работи.

-Министерството за здравство има значајна улога во целокупната состојба на овие лица, имајќи предвид дека често, нивниот прв допир со институциите не е преку административните шалтери, туку преку здравствениот систем. Токму тука почнува и нивната видливост за системот. Првиот пристап на мајките кои останале без основ на здравствено осигурување, мајките без документ за идентификција и нивните новороденчиња се случува во нашите здравствени установи. Тоа е момент кога овие лица првпат се вклучуваат во системот на заштита. Во тие моменти, здравствениот систем претставува мост кон основни човекови права. Преку програмата за мајки и деца, која се финансира од буџетот на Министерството за здравство, обезбедуваме бесплатно породување и здравствена заштита за овие мајки и нивните деца. Со тоа, не само што спасуваме животи, туку и поставуваме темел за нивно натамошно интегрирање во општеството, истакна министерот Алиу во обраќањето.

Тој се осврна и на модулот кој е активен во националниот електронски систем „Мој термин“ за евидентирање на здравствените услуги за лицата без лични документи. Лицата без утврден идентитет, кои преку надлежните институции добиваат единствен идентификационен број, преку овој модул можат да бидат препознаени во здравствениот систем.

На тој начин се овозможува водење електронско здравствено досие, во кое се евидентираат прегледите и здравствените услуги што им се обезбедуваат, што овозможува континуитет на податоци и институционална трага која е важна за натамошно правно и административно постапување.

 



Поврзани содржини

Пратениците на СДСМ ја напуштаат работата за Изборниот закон

28 април 2026

(Видео) Левица: Приведен член на Црвена младина пред натпреварот Македонија–Израел поради знаме на Палестина

28 април 2026

МВР: Кривична пријава за три лица, земале пари и златен накит од битолчанка за наводна операција на нејзината ќерка

28 април 2026
НАЈНОВО

САД се „понижени“ и надмудрени од Иран, изјави Фридрих Мерц

28 април 2026

Пратениците на СДСМ ја напуштаат работата за Изборниот закон

28 април 2026

Србија му даде државјанство на внукот на Кадиров. По пет дена му го одзеде

28 април 2026

(Видео) Левица: Приведен член на Црвена младина пред натпреварот Македонија–Израел поради знаме на Палестина

28 април 2026

Петар Маѓар го покани Володимир Зеленски на средба

28 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.