Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Трипуновски: ИПАРД-средствата повторно достапни за македонските земјоделци, паѓаат во вода лагите на СДСМ дека се блокирани

28 април 2026

Патот Евзони – Солун конечно станува автопат

28 април 2026

Зеленски им се заканува на Израелците со санкции поради украдено жито

28 април 2026

Лицата без државјанство можат да се лекуваат преку „Мој термин“

28 април 2026

Грција го зголеми бројот на „недопирливи“ плажи за лежалки и барови

28 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, април 28
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

БАЗЕНОТ ВО КИСЕЛА ВОДА ОТВОРЕН ЗА КАМЕРИТЕ НА МИЦКОСКИ И СЕЧЕЊЕ ЛЕНТИ ПРЕД ИЗБОРИ – ДО ДЕН ДЕНЕС ПОД КЛУЧ

Press OnlineBy Press Online28 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во јули минатата година, Мицкоски, Ристовски и Ѓорѓиевски, свечено пресекоа лента во дворот на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“. Денес, година подоцна, истиот базен стои заклучен. Не е одржан ниту еден тренинг или час по физичко и здравствено образование. Има само тишина и уште една празна фасада што се води како ʼреализиран проектʼ, како што Владата самоуверено објави на 02.04.2026.



 

Ветуваа пристап до пливање за најмладите, поддршка за клубовите, жив спортски објект. Наместо тоа – бетон под клуч, промовиран како проект во пресрет на минатогодишните локални избори. Објект изграден со јавни пари, а недостапен за јавноста. Кога ПР-камерите се исклучија, се изгаси и функционалноста.

 

Во истиов проект беа опфатени и базени во Битола, Кичево и кај салата „Партизан“, чија изградба сè уште не е ниту комплетирана. Тоа е сосема спротивно на анексот склучен помеѓу Министерството за спорт и општините, каде е наведено дека изградбата требало да биде завршена до 25.12.2025 година.

Роковите пробиени, објектите недовршени, а институциите си ја префрлаат одговорноста како жежок компир. ДПМНЕ гради на хартија, а граѓаните гледаат затворени врати.

 

Цената се разбира дека ја плаќаат граѓаните.

Пливањето е еден од најскапите спортови во Македонија. Токму затоа ваквите базени требаше да бидат изедначувач – да им овозможат на децата пристап до спорт што инаку е недостижен. Наместо тоа, добивме симбол на неспособност и манипулација – платен од сите, достапен за никого.

 

Левица бара итно ставање во функција на базенот во Кисела Вода и завршување на сите започнати објекти без нови изговори. Јавните пари не служат за бетон што собира прашина, туку за услуги што мора да бидат достапни веднаш.

 

Министерството и општините ги повикуваме веднаш да престанат со оправдувања и ʼзаписнициʼ. Граѓаните не плаќаат за бетон и стакло под клуч, туку за јавно добро кое мора да биде во функција веднаш.

 

Доста е од проекти што живеат еден ден – денот на наводното отворање и сечење лента. Граѓаните не се публика на партиски спектакл, туку сопственици на тоа што го платиле!



Поврзани содржини

Трипуновски: ИПАРД-средствата повторно достапни за македонските земјоделци, паѓаат во вода лагите на СДСМ дека се блокирани

28 април 2026

Лицата без државјанство можат да се лекуваат преку „Мој термин“

28 април 2026

Вештачење за повредените во „Пулс“: Во пожарот 157 лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 65 со телесни повреди, дваесетина се деца

28 април 2026
НАЈНОВО

Трипуновски: ИПАРД-средствата повторно достапни за македонските земјоделци, паѓаат во вода лагите на СДСМ дека се блокирани

28 април 2026

Патот Евзони – Солун конечно станува автопат

28 април 2026

Зеленски им се заканува на Израелците со санкции поради украдено жито

28 април 2026

Лицата без државјанство можат да се лекуваат преку „Мој термин“

28 април 2026

Грција го зголеми бројот на „недопирливи“ плажи за лежалки и барови

28 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.