Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Трамп се сретна во Белата куќа со астронаутите на НАСА од мисијата „Артемис II“

30 април 2026

Нападнале шумски полицаец со моторна пила, па се дале во бегство

30 април 2026

Снег на Златибор и Копаоник

30 април 2026

„Вреди“ станува една партија: Крај за ерата кога албанската политика беше приватна сопственост на една корумпирана клика

30 април 2026

Нова воена сила се појавува покрај НАТО: Европа гради флота за справување со Русија

30 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, април 30
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Обединетите Арапски Емирати излегуваат од ОПЕК по шест децении членство

Press OnlineBy Press Online28 април 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) официјално објавија дека ги напуштаат организациите ОПЕК и ОПЕК+, составени од најголемите светски производители на нафта.

Оваа историска одлука доаѓа по речиси шест децении членство, а државниот врв на Емиратите појасни дека потегот е во согласност со нивната „долгорочна стратешка и економска визија и развојниот енергетски профил“.

Министерот за енергетика на оваа земја од Персискиот Залив изјави дека ослободувањето од обврските кон картелот ќе овозможи поголема флексибилност во управувањето со нивните ресурси.

ОАЕ беа дел од ОПЕК од 1967 година, а со нивното заминување во организацијата остануваат 11 земји членки.Експертите оваа одлука ја опишуваат како огромен удар за картелот. Сол Кавоник, раководител на енергетски истражувања во MST Financial, оцени дека ова е „почеток на крајот на ОПЕК“. Објаснувањето е дека сега ОАЕ нема да биде лимитирана колку да произведува нафта, а повеќе производство ќе значи пониска цена. ОАЕ се пожали дека досега придонесувала за стабилноста на пазарот и дека за таа цел се „жртвувала“. 

Со напуштањето на ОАЕ, ОПЕК губи околу 15% од својот производствен капацитет.Емиратите се сметаа за еден од најдисциплинираните членови во почитувањето на квотите. Според последните податоци, ОАЕ произведуваат околу 2,9 милиони барели нафта годишно. Саудиска Арабија, како неофицијален лидер на ОПЕК, сега ќе се соочи со сериозни тешкотии да го одржи единството на преостанатите членки. Аналитичарите предвидуваат дека Саудиска Арабија ќе мора сама да го преземе „тешкиот товар“ во управувањето со пазарот и внатрешната усогласеност.

 

Поврзани содржини

Трамп се сретна во Белата куќа со астронаутите на НАСА од мисијата „Артемис II“

30 април 2026

Нова воена сила се појавува покрај НАТО: Европа гради флота за справување со Русија

30 април 2026

Руски напади со дронови врз Одеса, најмалку 18 повредени

30 април 2026
НАЈНОВО

Трамп се сретна во Белата куќа со астронаутите на НАСА од мисијата „Артемис II“

30 април 2026

Нападнале шумски полицаец со моторна пила, па се дале во бегство

30 април 2026

Снег на Златибор и Копаоник

30 април 2026

„Вреди“ станува една партија: Крај за ерата кога албанската политика беше приватна сопственост на една корумпирана клика

30 април 2026

Нова воена сила се појавува покрај НАТО: Европа гради флота за справување со Русија

30 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.