Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Ходорковски: Путин не сака да биде „лоша вест“, поважно му е егото од страдањата на луѓето

28 април 2026

Нови закани со бомби, евакуирани неколку училишта во Загреб

28 април 2026

ЗНАМ: Раскол во редовите на СДСМ, кој ја води партијата – Филипче или Спасовски

28 април 2026

УХМР најавува драстична промена: Снег на планините и пад на температурите

28 април 2026

Најголемата руска рафинерија на Црното Коре во пламен и час по напад на украински дронови

28 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, април 28
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Се бира ректор на УКИМ – ќе се гласа за кандидатите Биљана Ангелова и Дарко Данев

Press OnlineBy Press Online28 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, денеска од 12 до 14 часот со тајно гласање ќе избира помеѓу двајцата кандидати за нов ректор на УКИМ – Биљана Ангелова и Дарко Данев.



Тие се кандидираа на огласот за ректор на Универзитетот, за мандатниот период 16 септември 2026 – 15 септември 2029.

Проф. д-р Биљана Ангелова, која е во трка за втор мандат за ректор, е кадар од Економскиот институт, а проф. д-р Дарко Данев е редовен професор и поранешен декан на Машинскиот факултет на УКИМ.

На веб-страницата на УКИМ минатиот вторник беа објавени програмите за работа на двајцата кандидати за ректор и нивните биографски и библиографски податоци.

Право на глас имаат членовите на единиците (факултети и институти) на УКИМ, кои се запишани во Единствениот избирачки список, што го утврди и објави Универзитетската изборна комисија (УИК).

Пред денешното гласање, според роковникот на активности, изборните комисии на единиците на УКИМ вчера (ден пред изборите) го подигнаа изборниот материјал од УИК.

Резултатите од тајното гласање треба да бидат објавени денеска до вечер, а потоа ќе следува тридневниот рок за приговори по резултатите – од 29 април до 5 мај.

Според временската рамка, предвидени се и термини за евентуално прегласување, заедно со рок за приговори и нивно разгледување, а на 14 мај ќе бидат објавени конечните резултати од изборот на ректор на УКИМ



Поврзани содржини

ЗНАМ: Раскол во редовите на СДСМ, кој ја води партијата – Филипче или Спасовски

28 април 2026

УХМР најавува драстична промена: Снег на планините и пад на температурите

28 април 2026

Коњановски: Пешаците ќе го заобиколуваат трансформаторот

28 април 2026
НАЈНОВО

Ходорковски: Путин не сака да биде „лоша вест“, поважно му е егото од страдањата на луѓето

28 април 2026

Нови закани со бомби, евакуирани неколку училишта во Загреб

28 април 2026

ЗНАМ: Раскол во редовите на СДСМ, кој ја води партијата – Филипче или Спасовски

28 април 2026

УХМР најавува драстична промена: Снег на планините и пад на температурите

28 април 2026

Најголемата руска рафинерија на Црното Коре во пламен и час по напад на украински дронови

28 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.