Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Вајц за Канал 5: Интервјуто за бугарската телевизија е од почетокот на Март, Сега С Македонија забележува напредок

28 април 2026

САД се „понижени“ и надмудрени од Иран, изјави Фридрих Мерц

28 април 2026

Пратениците на СДСМ ја напуштаат работата за Изборниот закон

28 април 2026

Србија му даде државјанство на внукот на Кадиров. По пет дена му го одзеде

28 април 2026

(Видео) Левица: Приведен член на Црвена младина пред натпреварот Македонија–Израел поради знаме на Палестина

28 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, април 28
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Хрватска и Босна потпишаа договор за гасовод кој ќе ја намали нивната зависност од Русија

Press OnlineBy Press Online28 април 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 Хрватска и Босна денеска во Дубровник потпишаа договор за изградба на важен гасен интерконектор, спонзориран од Вашингтон, кој се очекува да му овозможи на Сараево да ја намали својата енергетска зависност од Русија – нивниот единствен снабдувач со гас во моментов.

Гасоводот ќе ја поврзе босанската мрежа со терминал за течен гас на хрватскиот остров Крк, како и со европската гасна мрежа.

„Голем чекор напред: Во Дубровник, во име на Босна и Херцеговина, потпишав, заедно со Хрватска, Договор за Јужниот интерконектор, (со цел) зајакнување на енергетската безбедност и диверзификација на снабдувањето. Благодарна сум на нашите партнери од САД“, напиша на Х претседавачката со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто.

Таа го потпиша договорот со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на маргините на Самитот на иницијативата „Три мориња“ во јужниот јадрански град Дубровник во присуство на министерот за енергетика на САД, Крис Рајт.

„Овој договор ги дефинира принципите на соработката и на заедничката изградба на интерконекторот (секој од својата страна)“, се наведува во текстот на договорот, објавен од хрватската влада.

Соединетите Американски Држави, кои вложија дипломатски напори во последно време за да го забрзаат овој проект, доставуваат значителни количества гас до терминалот на островот Крк.

Во Босна овој интерконектор е дел од поголем енергетски проект, проценет на 1,3 милијарди евра, кој предвидува изградба на речиси 200-километарска мрежа од гасоводи со неколку термоелектрани кои работат на гас.

Гасната врска треба да биде изградена од американската компанија „ААФС Инфраструктура и енергија“ (AAFS Infrastructure and Energy), предводена од Џозеф Флин, брат на поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Флин, и Џеси Бинал, поранешен адвокат на Трамп.

Организациите за заштита на природата, кои се спротивставуваат на развојот на секторот на фосилни горива, го критикуваа проектот во земјата каде што две третини од потребите за електрична енергија се задоволуваат од електрани на јаглен. Загадувањето, особено во зима, ги погодува повеќето големи градови во Босна.

Освен тоа, речиси педесет организации за заштита на животната средина вчера во заедничко писмо ги повикаа владите на државите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Република Северна Македонија и Косово) да „одолеат на притисокот од САД и да ги откажат плановите за изградба на нови гасоводи и термоцентрали“.

Детали за почетокот на изградбата на гасоводот меѓу Босна и Хрватска сè уште не се објавени. Според директорот на ААФС во Босна, Амер Бекан, работата треба да почне „во рок од два до шест месеци по добивањето на сите потребни дозволи“.

Американската компанија се очекува исто така да потпише договор со владата на Федерацијата Босна и Херцеговина, една од двете составни единици на Босна. Гасоводот ќе биде изграден на територијата на оваа единица.

Според Бекан, максималниот годишен капацитет на новиот интерконектор ќе биде 3 милијарди кубни метри.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на социјалните мрежи напиша дека гасоводот ќе помогне во диверзификацијата на снабдувањето. „Ја зајакнуваме енергетската безбедност и независност … што е особено важно во овие предизвикувачки глобални околности“.

Во моментов Босна го увезува целиот свој гас од Русија преку гасоводи кои минуваат низ Србија и Бугарија, по трасата „Турски тек“.

Во делегацијата на САД беше и заменик-државната секретарка за политички прашања Алисон Хукер, која на панел-дискусија изјави дека САД можат да помогнат за „намалување на енергетската зависност од Русија и за поттикнување на економскиот раст“ во регионот. 

Поврзани содржини

Србија му даде државјанство на внукот на Кадиров. По пет дена му го одзеде

28 април 2026

Швајцарскиот претседател се понуди да посредува меѓу Белград и Приштина

28 април 2026

Новите правила за прва помош во Грција одложени за 2027 година

28 април 2026
НАЈНОВО

Вајц за Канал 5: Интервјуто за бугарската телевизија е од почетокот на Март, Сега С Македонија забележува напредок

28 април 2026

САД се „понижени“ и надмудрени од Иран, изјави Фридрих Мерц

28 април 2026

Пратениците на СДСМ ја напуштаат работата за Изборниот закон

28 април 2026

Србија му даде државјанство на внукот на Кадиров. По пет дена му го одзеде

28 април 2026

(Видео) Левица: Приведен член на Црвена младина пред натпреварот Македонија–Израел поради знаме на Палестина

28 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.