Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Трендафилов со повик до работниците: Трудот на Први мај вреди 250%, пријавете во ССМ ако не ви платат

1 мај 2026

Напад врз рускиот Чернобил: Украина по четврт пат го погоди нафтениот терминал на Црното Море

1 мај 2026

(ВИДЕО) Протестот на работниците под евидентна медиумска блокада

1 мај 2026

Земон се извини по изјавата за Гоце Делчев, вели дека бил погрешно разбран: Тие што ширеа говор на омраза ќе се соочат со законот

1 мај 2026

Трагедија во Италија. Близнаци (22) починаа од електричен удар додека спасуваа птица

1 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, мај 1
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

(ВИДЕО) Јанчев: Ќе сечат шуми, ќе детонираат динамит и ќе ни фрлаат отров во дворовите – закони по мерка на профитерите

Press OnlineBy Press Online29 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



На денешната седница на Собранието, пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, реагираше на донесувањето на измените на Законот за минерални суровини и

Законот за концесии и јавно-приватно партнерство, посочувајќи дека тие го ставаат приватниот интерес над јавниот и отвораат простор за сериозни злоупотреби и еколошки катастрофи:

Се дозволува и му се отвора пат на приватниот интерес да го води орото во јавните работи. Овие измени очигледно се излобирани од рударското и енергетско лоби. Приватниот интерес го интересира само профит, какви ќе бидат последиците – воопшто не го интересира, а тие знаат да бидат и катастрофални

Државата треба да биде контратежа и регулатор, а не да работи по негова желба и да наметнува наратив дека политиките според интересите на профитерите ќе донесат некаков благодет!

Се олеснува процедурата. Наместо решени имотно-правни односи, сега доволно е само одлука за прифаќање на иницијатива. Тоа прави правна каша-попара и проблеми и со Уставот и со законите. Ова не важи само за јавни претпријатија туку секое правно лице, и домашно и странско, може да добие концесија.
Наративот дека ова ќе донесе бенефит е лага!

Народот десет години се бори против ова, со протести и референдуми, а вие носите закони по скратена постапка, без воопшто да го слушнете!”

Овие катастрофални закони, и покрај сѐ, и покрај сите изнесени забелешки и предупредувања – владејачкото мнозинство предводено од ДПМНЕ ги изгласа“ рече Јанчев.



Поврзани содржини

Трендафилов со повик до работниците: Трудот на Први мај вреди 250%, пријавете во ССМ ако не ви платат

1 мај 2026

(ВИДЕО) Протестот на работниците под евидентна медиумска блокада

1 мај 2026

Земон се извини по изјавата за Гоце Делчев, вели дека бил погрешно разбран: Тие што ширеа говор на омраза ќе се соочат со законот

1 мај 2026
НАЈНОВО

Трендафилов со повик до работниците: Трудот на Први мај вреди 250%, пријавете во ССМ ако не ви платат

1 мај 2026

Напад врз рускиот Чернобил: Украина по четврт пат го погоди нафтениот терминал на Црното Море

1 мај 2026

(ВИДЕО) Протестот на работниците под евидентна медиумска блокада

1 мај 2026

Земон се извини по изјавата за Гоце Делчев, вели дека бил погрешно разбран: Тие што ширеа говор на омраза ќе се соочат со законот

1 мај 2026

Трагедија во Италија. Близнаци (22) починаа од електричен удар додека спасуваа птица

1 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.