Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Николоски на ФБ: Утре се пушта во употреба клучка Требеништа на автопатот Охрид-Кичево

30 април 2026

(ВИДЕО) Нашите иселеници се враќаат од странство – големи европски земји ќе банкротираат, вели министерката за финансии

29 април 2026

Италија бара отштета од Швајцарија по смртоносниот пожар во скијачки центар

29 април 2026

(ВИДЕО) Јанчев: Ќе сечат шуми, ќе детонираат динамит и ќе ни фрлаат отров во дворовите – закони по мерка на профитерите

29 април 2026

Познатите говеда од Кривопаланечко одат на лицитација, 21 грло угинало по заловувањето

29 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, април 30
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Уставниот суд потврди: Институциите не смеат да кријат информации од јавен интерес

Press OnlineBy Press Online29 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


На денешната седница Уставниот суд утврди повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата на новинарот Давид Илиески и со примена на член 57 став 2 Актот ја задолжува Развојна банка на Северна Македонија да ги достави бараните информации, согласно Барањето за пристап до информации од јавен карактер заведено под бр.03-2916/1 од 10 октомври 2025 година и тоа да го стори во рок од 8 дена откако Одлуката на Уставниот суд ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.



Оваа одлука е донесена едногласно, со поддршка на сите осум судии во Уставниот суд, соопштуваат оттаму.

Судот утврди дека станува збор за повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата која била сторена со дејствие, во форма на пропуштање, односно неизвршување на обврзувачка одлука од Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер (АСПИ). Имено АСПИ ја обврзала Развојна банка како имател на информации да ја спроведе одлуката и да ги достави бараните информации на новинарот. Иако обврзувачко, по ова Решение не било постапено.

Во оваа постапка беше спроведен „трипартитниот тест во демократско општество”, кој го применува Европскиот суд за човекови права, со цел да оцени дали ограничувањето било оправдано, или постои повреда на слободите и правата.

Повикувањето на банкарска тајна како аргумент да не се споделат информациите не може да претставува законска основа за ограничување на правото.

Анализирајќи ги сите услови, Судот утврди дека во овој случај, имателот не може да се повикува на доверливи информации, па поради тоа да не ги сподели бараните податоци и затоа постои мешање во слободата на изразување, незасновано на легитимна цел и не е неопходно во едно демократско општество, со што е сторена повреда на правото на подносителот да прима информации, како составен дел од слободата на изразување.

Станува збор за новинар кој побарал информации кои се однесуваат на користење на финансии, односно јавни средства од страна на Развојна банка – субјект во државна сопственост, што несомнено претставува прашање од јавен интерес. Дополнително, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во два наврати утврдила дека имателот на информации – Развојна банка е должен да му ги достави сите информации на барателот, во целост, со што му го признава правото на пристап до тие информации. Но и покрај извршното решение, Развојната банка не постапува, туку делумно го прифатила барањето, односно споделила агрегирани податоци за бројот на поддржани компании, поделени по сектор година и кредитна програма, но не и список или база на податоци со сите компании (и проектите) кои добиле кредити од Развојна банка во период од 01.01.2020 до денот на добивање одговор на барањето, компании што добиле подзаеми преку комерцијални банки во рамки на кредитни линии финансирани или координирани од Развојна банка.

„Стојалиштето на Уставниот суд е дека правото на пристап до информации од јавен карактер е составен дел од слобoдата на изразување, односно правото да се примаат информации. Имено, слободата на примање и пренесување информации претставува нормативна разработка на слободата на јавното изразување на мислата бидејќи таа е нераскинлив дел од пошироката слобода на изразување“, велат од Уставниот суд.



Поврзани содржини

Николоски на ФБ: Утре се пушта во употреба клучка Требеништа на автопатот Охрид-Кичево

30 април 2026

(ВИДЕО) Нашите иселеници се враќаат од странство – големи европски земји ќе банкротираат, вели министерката за финансии

29 април 2026

Италија бара отштета од Швајцарија по смртоносниот пожар во скијачки центар

29 април 2026
НАЈНОВО

Николоски на ФБ: Утре се пушта во употреба клучка Требеништа на автопатот Охрид-Кичево

30 април 2026

(ВИДЕО) Нашите иселеници се враќаат од странство – големи европски земји ќе банкротираат, вели министерката за финансии

29 април 2026

Италија бара отштета од Швајцарија по смртоносниот пожар во скијачки центар

29 април 2026

(ВИДЕО) Јанчев: Ќе сечат шуми, ќе детонираат динамит и ќе ни фрлаат отров во дворовите – закони по мерка на профитерите

29 април 2026

Познатите говеда од Кривопаланечко одат на лицитација, 21 грло угинало по заловувањето

29 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.