Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Трамп се сретна во Белата куќа со астронаутите на НАСА од мисијата „Артемис II“

30 април 2026

Нападнале шумски полицаец со моторна пила, па се дале во бегство

30 април 2026

Снег на Златибор и Копаоник

30 април 2026

„Вреди“ станува една партија: Крај за ерата кога албанската политика беше приватна сопственост на една корумпирана клика

30 април 2026

Нова воена сила се појавува покрај НАТО: Европа гради флота за справување со Русија

30 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, април 30
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Мицкоски: Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции, државата воспоставува поцврст и поодговорен механизам за одлучување

Press OnlineBy Press Online30 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Христијан Мицкоски на денешното обраќање пред Комитетот за јавни инвестиции порача дека со формирањето на ова тело државата воспоставува нов, поцврст и поодговорен механизам за одлучување. Тој нагласи дека одлуките повеќе нема да се водат од импровизации, туку исклучиво од јасни критериуми, визија и стратегија, соопштија од Владата.

Премиерот изјави дека ова претставува суштинска промена во начинот на градење на иднината, потенцирајќи дека јавните инвестиции не се само бројки на хартија, туку патишта, училишта, болници и енергетски капацитети кои ја гарантираат стабилноста. Целта, како што истакна Мицкоски, е секој буџетски денар да биде насочен кон создавање најголема вредност, економски раст и отворање работни места, порачувајќи дека времето на стихијно планирање е завршено и доаѓа време на систем и одговорност.

На состанокот беше разгледана листа на проектни идеи кои веќе добиле позитивно мислење од Министерството за финансии за преминување во следната фаза. Мицкоски наброја проекти во транспортот поврзани со Коридорите 8 и 10 и модернизација на железницата, завршување на објектите на ФИНКИ и Универзитетот „Мајка Тереза“ во образованието, како и инвестиции во регионалните клинички болници во Тетово, Штип и Кичево. Тој ги наведе и проектите за владин податочен центар во делот на дигитализацијата, ревитализацијата на водните ресурси преку системите Злетовица и Стрежево, и зајакнувањето на енергетската независност преку нови капацитети и обновливи извори на АД ЕСМ.

Според премиерот, задачата на Комитетот не е само формалност, туку претставува вистински филтер за квалитет од чија работа ќе зависи утврдувањето на првата Конечна приоритетна листа на јавни инвестиции. Мицкоски заклучи дека Владата ги поставила темелите и дека е време Македонија да гради паметно, да инвестира стратешки и да испорачува конкретни резултати за граѓаните преку рамномерен развој.

Поврзани содржини

Нападнале шумски полицаец со моторна пила, па се дале во бегство

30 април 2026

„Вреди“ станува една партија: Крај за ерата кога албанската политика беше приватна сопственост на една корумпирана клика

30 април 2026

Филипче на X: Со Мицкоски Македонија падна за 3 места во Индексот за слобода на медиуми

30 април 2026
НАЈНОВО

Трамп се сретна во Белата куќа со астронаутите на НАСА од мисијата „Артемис II“

30 април 2026

Нападнале шумски полицаец со моторна пила, па се дале во бегство

30 април 2026

Снег на Златибор и Копаоник

30 април 2026

„Вреди“ станува една партија: Крај за ерата кога албанската политика беше приватна сопственост на една корумпирана клика

30 април 2026

Нова воена сила се појавува покрај НАТО: Европа гради флота за справување со Русија

30 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.