Пред Работничкиот дом во Скопје започна протестот на Сојузот на синдикатите на Македонија, организиран по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. Низ толпата се истакнуваат бројни транспаренти со силни пораки: „За плата се бориме, не се молиме“, „Работниците го хранат капитализмот – тие ќе го срушат“, „Долу капиталот, ослободување на трудот“ и „Власта – слуга на капиталот“
Она што е забележливо е слабата медиумска покриеност на настанот. Новинарот Горан Теменугов објави видео во коа ја критикуваше медиумската несолидарност и игнорирањето на клучнот настан на 1ви Мај.

