Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски до Беџети: Никој нема против албанскиот јазик, нема да ви дозволиме евтин етнички популизам

1 мај 2026

Петровска до Тошковски: Дали акцијата за поткуп од 50.000 евра е прекината за да се спаси министерот за земјоделство?

1 мај 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

1 мај 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

1 мај 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

1 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, мај 1
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

Press OnlineBy Press Online1 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пратеникот Миле Цеков соопшти дека ја напушта партијата ЗНАМ и владејачкото мнозинство, најавувајќи дека во иднина ќе дејствува исклучиво како независен пратеник во Собранието. Неговата одлука предизвика експресна реакција од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој оцени дека ова е почеток на распадот на владејачката „тендер-коалиција“.

Во своето обраќање до јавноста, Цеков појасни дека пред две години влегол во политиката за да се бори против криминалот и корупцијата, но дека очекуваните промени не се случиле.

„Не прифаќам да живееме во држава со корупција и криминал, селективна правда и нефункционални институции. Заминувам од политички субјект што формално е демократски, но суштински не ги исполни очекувањата на граѓаните и не застана зад ветувањата“, истакна Цеков. Тој додаде дека не прифаќа младите да се иселуваат поради системот, работниците да живеат со најниска плата, а државата да увезува наместо да произведува храна.

Цеков потсети на неговите досегашни пратенички иницијативи за поддршка на земјоделците, заштита на планината Беласица и Дојранското Езеро, како и за зголемување на минималната плата. Тој нагласи дека останува приврзан на европската перспектива, но со цврста заштита на националниот идентитет, подавајќи рака за соработка кон сите што ги споделуваат неговите вредности во, како што рече, „новиот почеток на борба за правда и одговорност“.

На политичкиот потег на Цеков веднаш реагираше претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче. Тој преку социјалната мрежа Икс (X) порача дека е добро што внатре во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ се наоѓаат луѓе кои ја гледаат вистината.

„Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа! Оваа власт е чиста криминална организација која ја уништува државата. На сите кои сакаат да се оградат од оваа криминална група и да не бидат запаметени како соучесници во пропаста на Македонија – вратата на СДСМ е отворена за соработка. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, напиша Филипче.

Поврзани содржини

Мицкоски до Беџети: Никој нема против албанскиот јазик, нема да ви дозволиме евтин етнички популизам

1 мај 2026

Петровска до Тошковски: Дали акцијата за поткуп од 50.000 евра е прекината за да се спаси министерот за земјоделство?

1 мај 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

1 мај 2026
НАЈНОВО

Мицкоски до Беџети: Никој нема против албанскиот јазик, нема да ви дозволиме евтин етнички популизам

1 мај 2026

Петровска до Тошковски: Дали акцијата за поткуп од 50.000 евра е прекината за да се спаси министерот за земјоделство?

1 мај 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

1 мај 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

1 мај 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

1 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.