Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Привршува собирањето на документите за екстрадиција на Груевски

2 мај 2026

Германски министер за повлекувањето на американските трупи: „Беше очекувано“

2 мај 2026

Го претекнувал, му се заканувал, го следел, а кога застанал му го удрил автомобилот, па му извадил нож

2 мај 2026

Србите се изборија за полесен влез во Грција, Македонците извисија

2 мај 2026

Каде сè се стационирани американски војници во Европа?

2 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, мај 2
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Алиу: Околу 74 милиони евра за целосна трансформација на Клиничката болница во Тетово

Press OnlineBy Press Online2 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Клиничката болница во Тетово ќе биде целосно реконструирана, модернизирана и функционално реорганизирана преку стратешки проект вреден 4,56 милијарди денари – односно околу 74 милиони евра, пишува во изјавата на министерот за здравство Азир Алиу во денешното соопштение од Министерството за здравство.



Според министерот, станува збор за проект што треба трајно да го промени начинот на обезбедување здравствени услуги во Полошкиот регион.

 

Министерот посочува дека проектот ќе се реализира според најдобрите меѓународни практики, преку комбинирање на државни средства и финансии од меѓународни финансиски институции, структурирани на одржлив и долгорочен начин.

Со проектот е предвидена целосна реконструкција и модернизација на постојните објекти, набавка на современа медицинска технологија и опрема, како и функционално поврзување на болничките објекти со топли коридори, со цел побезбедно и поефикасно движење на пациентите и здравствениот персонал. Дополнително, најавено е да се изградат и две нови современи згради.

– Од раздвоени и амортизирани објекти одиме кон интегриран, функционален систем подготвен за иднината. Од систем што доцни, кон систем што реагира навреме – нагласува Алиу.

Според него, оваа инвестиција ќе создаде нова регионална здравствена установа каде граѓаните од Полошкиот регион ќе можат да добијат квалитетна здравствена услуга навремено и поблиску до местото на живеење.

Алиу потенцира дека проектот има и значајна развојна и образовна димензија. Во соработка со Универзитетот во Тетово, како што се појаснува, професорите и студентите по медицина за првпат ќе добијат модерни и достоинствени услови за работа, практична обука и подготовка според стандардите на современото здравство.- Овие проекти се витални за здравствениот систем и ние што ги реализираме, со право ќе се гордееме со нив цел живот. Затоа што не градиме само ѕидови. Градиме стандарди. Градиме достоинство. Градиме иднина за здравството во нашата земја – додава Алиу.



Поврзани содржини

Привршува собирањето на документите за екстрадиција на Груевски

2 мај 2026

Го претекнувал, му се заканувал, го следел, а кога застанал му го удрил автомобилот, па му извадил нож

2 мај 2026

Србите се изборија за полесен влез во Грција, Македонците извисија

2 мај 2026
НАЈНОВО

Привршува собирањето на документите за екстрадиција на Груевски

2 мај 2026

Германски министер за повлекувањето на американските трупи: „Беше очекувано“

2 мај 2026

Го претекнувал, му се заканувал, го следел, а кога застанал му го удрил автомобилот, па му извадил нож

2 мај 2026

Србите се изборија за полесен влез во Грција, Македонците извисија

2 мај 2026

Каде сè се стационирани американски војници во Европа?

2 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.