Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мотоциклист изгубил контрола и излетал од коловозот во Куклиш

3 мај 2026

Европски парламент бара новинарите да јa вршат својата работа безбедно, без закани

3 мај 2026

Судир меѓу „опел“ и велосипед во Виница – повреден 78-годишник велосипедист

3 мај 2026

Пет партии стануваат една и тоа им ги расипува сметките на оние што мислеа дека нема да се обединиме, велат од ВЛЕН

3 мај 2026

Рубио ќе ги посети Ватикан и Италија откако Трамп го нападна папата

3 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 3
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

„Договорот за набавка на 150 автобуси во Македонија е најголемиот во нашата историја“, велат од унгарски „Икарус“

Press OnlineBy Press Online3 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Понудата на унгарската компанија „Електробус- Икарус” и на австриската „ЕВН“ беше избрана за најповолен понудувач на јавниот повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 станици за полнење на електричните автобуси.

Тие најниска цена од 19.350.000 денари или околу 314 илјади евра по автобус. што е конкурентна цена на пазарот на електрични автобуси. Согласно Одлуката, компанијата „Икарус” треба да ги достави електричните автобуси, а компанија „ЕВН” станиците за полнење – наведуваат од Министерството за транспорт.

Електричните автобуси треба да бидат со најмалку максимална моќност од 300 kW, со капацитет од најмалку 66 патници, автоматски регулиран клима уред за ладење/греење.

Избраниот економскиот оператор има обврска да врши тековно одржување и поправка на сите настанати технички неисправности и да обезбеди резервни делови во следните 10 години од денот на стапување на возилата во употреба.

Првите 30 автобуси и 15 електрични станици, по склучувањето на договорот треба да се достават во рок не подолг од шест месеци од денот на склучување на договорот, 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од дванаесет месеци од денот на склучување на договорот и 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од осумнаесет месеци од денот на склучување на договорот.

Од компанијата „Икарус“ во Унгарија велат дека како фирма достигнале значајна меѓународна пресвртница со тоа што ја добиле најголемата набавка на електрични автобуси во својата историја.

Во рамките на набавката, 100 автобуси ќе го зајакнат јавниот превоз во Скопје, додека преостанатите 50 возила ќе бидат испорачани во други градови во Северна Македонија, што ја прави оваа една од најзначајните набавки на електрични автобуси во регионот оваа година.

„Можноста за оваа извонредна нова нарачка по обем покажува силна потврда за техничката подготвеност и меѓународната конкурентност на Икарус и е клучна пресвртница во успешното спроведување на пазарната стратегија на нашата компанија, преку која ја зајакнуваме нашата позиција на пазарот на електрични возила во Централна и Југоисточна Европа. Особено сме горди што нашата понуда е изградена врз соработката на повеќе нации и култури и што во клучните точки на имплементација можеме да се потпреме на експертизата на локалните компании од Северна Македонија“, вели Јанос Хунор Келемен, директор за продажба на групацијата „Икарус“.



Поврзани содржини

Мотоциклист изгубил контрола и излетал од коловозот во Куклиш

3 мај 2026

Судир меѓу „опел“ и велосипед во Виница – повреден 78-годишник велосипедист

3 мај 2026

Пет партии стануваат една и тоа им ги расипува сметките на оние што мислеа дека нема да се обединиме, велат од ВЛЕН

3 мај 2026
НАЈНОВО

Мотоциклист изгубил контрола и излетал од коловозот во Куклиш

3 мај 2026

Европски парламент бара новинарите да јa вршат својата работа безбедно, без закани

3 мај 2026

Судир меѓу „опел“ и велосипед во Виница – повреден 78-годишник велосипедист

3 мај 2026

Пет партии стануваат една и тоа им ги расипува сметките на оние што мислеа дека нема да се обединиме, велат од ВЛЕН

3 мај 2026

Рубио ќе ги посети Ватикан и Италија откако Трамп го нападна папата

3 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.